Зошто чувствуваме кнедла во грлото кога плачеме?
Сигурно сте се нашле во многу ситуации кога ви се плачело и не сте можеле да изговорите ниту збор. Тогаш велите дека чувствувате кнедла во грлото.
Кнедлата која ја чувствуваме во грлото е резултат на борбата на нервниот систем со стресот.
Кога телото ќе почувствува стрес од кој било вид, нервниот систем се активира и предизвикува реакција „бори се или бегај“.
Кога телото е во таква состојба, тоа сака целиот кислород кој може да го добие да го насочи во мускулите, за да може на најдобар можен начин да се избориме или да избегаме.
Еден од начините е отворање на глотисот – процепот помеѓу гласните жици и мускулите на вратот низ кои дишеме. Со нивното отворање се добива повеќе воздух, а со самото тоа и повеќе кислород.
Но, кога ќе се отвори глотисот тој ги притиска мускулите и ни дава чувство како да имаме кнедла во грлото.