Што прават успешните луѓе за време на викендите?

Колку пати досега ви се има случено во понеделник наутро разочарано да искоментирате „Ми летна викендот“... Наместо да се разбудите одморени и полни со елан за работната недела, вие се чувствувате исцрпено.

sto-pravat-uspesnite-luge-za-vreme-na-vikendite-01.jpg

Многу често викендите се потрошени на сосемa непродуктивни активности или на забава која само непотребно ја одзема енергијата. 

Но, како луѓето кои се успешни успеваат да бидат одморени за само 2 дена? Едноставно е, а од овој викенд може да започнете и вие. Еве што треба да правите:

1. Повторно откријте ги старите интереси

Можеби треба да се потсетите на некои активности со кои не сте се занимавале уште од детството, а кои би можеле да станат дел од вашата викенд рутина. На пример, ако како дете сте учеле да свирите на пијано, почнете повторно да одите на часови. Почнете да изучувате некоја боречка вештина, запишете се на курс по странски јазик...


2. Искористете го утрото

Утринските часови најчесто во викенд ги преспиваме, но тие можат да бидат многу значајни за вашиот личен развој. На пример, ако се подготвувате за маратон, најлесно е тренингот да го остварите наутро за да можете остатокот од денот да го поминете во дружење со семејството или пријателите.


3. Создадете семејна традиција

Среќните семејства имаат посебни викенд активност во кои сите членови подеднакво уживаат. Тоа можат да бидат заедничко правење на палачинки во сабота наутро или пак заедничка прошетка покрај река во недела попладне. Без разлика за каква активност станува збор, направете ритуал од неа. Овие навики подоцна ќе станат сеќавања на кои сите со радост ќе се сеќавате.

sto-pravat-uspesnite-luge-za-vreme-na-vikendite-02.jpg

Организирајте го времето за одмор

Викендот е сепак наменет за одмор од напорната работна недела. Ако станувате рано, нормално е дека ќе ви се намали енергијата во текот на денот. За максимално да го искористите викендот, договорете со домашните „официјален термин за дремка“. Одвојте два или три часа во текот на денот кога ќе можете да се повлечете на мир во својата спална, но договорете се со децата тоа време да не доаѓаат да ве вознемируваат за ситници. Попладневниот сон ќе се освежи и ќе станете од креветот полни со енергијата, подготвени да им се посветите на домашните обврски.


Истражувајте

Возењето велосипед, трчањето, па и обичната прошетка низ природа може да се претворат во вистинска авантура. Многумина веруваат дека за незаборавни искуства се потребни планирање и пари но грешат, спонтаноста е клучот за добрата забава.

sto-pravat-uspesnite-luge-za-vreme-na-vikendite-03.jpg

Забавувајте се и во недела навечер

Овој совет можеби е и најважен. Без разлика колку си ја сакате работата, во недела навечер можно е да се чувствувате лошо поради самата помисла на обврските кои ве чекаат наредниот ден. Најдобро решение за да го победите ова чувство на незадоволство е да организирате со блиските некаква забавна активност. На овој начин ќе го осигурате добро расположение во понеделник наутро и опуштено ќе се соочите со сите работни обврски. Можете да ги повикате пријателите или поширокото семејство на вечера или пак да организирате филмска вечер.

Би можело да ве интересира:

Кога денот ќе тргне на лошо: Ситуации од кои секој би доживеал мини нервен слом (фото) „Излегов на минусни температури за да си го продадам таблетот на договорено мест...
10 фотографии кои ќе ви го стопат срцето „Во нашето маало, некој непознат често остава мали подароци во плик за соседите....
8 изуми кои ги создале жени, а без кои светот ќе беше сосема поинаков Аквариум, чистач за снег - жените стојат зад многу значајни изуми без кои светот...
Попај навистина постоел, но не бил морнар и не јадел спанаќ - Како настанал омилениот цртан лик? Вистинскиот Попај бил силен, храбар и обожавал деца, но не бил морнар и не јадел...
15 фото-докази дека брадата е како шминка за мажите Ги крие несовршеностите на лицето и може целосно да го трансформира ликот – брад...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg