Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


4 клучни разлики помеѓу лажните и вистинските пријатели

Без исклучок, сите имаат вакви луѓе во животот. Тоа се оние „пријатели“ кои ви се јавуваат само кога сте им потребни за нешто.

4-klucni-razliki-megu-laznite-i-vistinskite-prijateli-01.jpg

Тие не сакаат да се дружат со вас, не сакаат никаква посебна комуникација со вас, не ги интересира како сте, што правите. Но, кога ќе им затреба некаква услуга знаат точно на кого да му се обратат бидејќи вие отсекогаш сте биле „толку добар пријател.“

Дојде време да престанете да бидете толку љубезни со нив бидејќи тие луѓе не го заслужуваат вашето пријателство.

Еве како ќе ги препознаете лажните пријатели од оние вистинските:

1. Вистинскиот пријател секогаш ќе ви помогне, без притоа да поставува прашања

„Ќе ти помогнам, не се грижи“, тоа се зборовите кои сакате да ги слушнете од пријателите кога ќе се најдете во неволја. Пријателството се базира на двонасочна доверба, а не само кога на едната страна тоа и одговара.


2. Вистинскиот пријател нема да ве бара само кога му требате за нешто

Сосема е нормално да се израдувате кога ќе ви се јави некој со кого одамна не сте се слушнале. Уживате во разговорот и мило вие е што после толку време таа личност се сетила на вас, кога одеднаш тој или таа дискретно спомнува дека бара од вас една мала услуга.

За жал, денеска многу е ретко да ви се јави некој со кого одамна немате разговарано а притоа само да сака да слушне како сте.


3. Вистинските пријатели ве разбираат што сакате да кажете

„Едноставно мразам кога некои луѓе ми се јавуваат само кога нешто им треба“, реченица која слободно можете да им ја кажете исклучиво на вистинските пријатели. Оние другите и онака ќе се пронајдат и веројатно несвесно ќе ви се налутат во истиот момент.

Некои луѓе, за жал, се во состојба да се претвараат дека ви се пријатели само поради лична корист.


4. Лажните пријатели прават драми за ништо

Тој кој бара нешто од вас ќе најде начин тоа како да го добие и притоа нема да бира средства. Нив не ги интересираат вашите емоции, не им е важно тоа што можеби ве повредуваат со нивните постапки, едноставно тие луѓе се такви, бескрупулозни. Подготвени се да ви ласкаат за да им помогнете да завршат нешто кое самите не се способни да го направат.

Ако одбиете да им завршите услуга, сметајте дека ќе следи вистинска драма. Ќе почнат да ви набиваат (лажно) чувство на вина и ќе следат реченици од типот на „Зарем вака ми враќаш после се што направив за тебе?“. Ова е вистинското време да им се спротивставите и да им ја кажете вистината.

Со оваа постапка ризикувате веќе никогаш да не разговарате со нив, но навистина, што ќе ви се такви луѓе во животот?

Би можело да ве интересира:

10 луѓе кои направија корекции на лицето и се каат (фото) „Носот ми е скоро ист како пред операцијата - се каам што воопшто отидов под нож...
Жени со тенки усни, ниски мажи: 13 луѓе откриваат кои се „маните“ што всушност си ги сакаат „Не знам зошто постојано на пиедестал се ставаат луѓето со зелени или сини очи, ...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Фото-докази дека некои луѓе се поголеми баксузи од вас и имаат полош ден од вашиот „Клучот ми паднал на паркинг полн со снег – кога сфатив, се вратив да го побарам...
Луѓе кои преживеале фатални авионски несреќи – Американец двапати ѝ „избегал“ на смртта Кога авионот почнал да паѓа, Анет изгубила свест. Следното нешто на коешто се се...
16 луѓе чиј ден сигурно бил полош од вашиот „Испеков колач за годишнината од брак на моите родители, но брат ми успеа да го ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg