Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


6 Работи од вашиот дом кои не треба да ги фрлате

Многу од производите кои ги имате во вашиот дом, можат повторно да се искористат на разни и генијални начини...

6-raboti-od-vasiot-dom-koi-ne-treba-da-gi-frlate-1--

Секојдневно фрламе работи мислејќи дека не ни се потребни, без да бидеме свесни дека тие навистина можат да ни бидат од голема корист.

Овие 6 работи никогаш не треба да ги фрлате:

1. Фолија

6-raboti-od-vasiot-dom-koi-ne-treba-da-gi-frlate-1

Следниот пат кога ќе користите алуминиумска фолија, само измијте ја и сочувајте ја за некоја од овие употреби:

Миење на тавчиња и тенџериња: Замотајте ја фолијата во топка и отстранете ги загорените наслаги од садовите.

Полирање на сребро: Наполнете еден сад со зовриена вода, ставете го среброто обложено со фолија и додајте 2 кафени лажички сол. За неколку минути, едноставната хемиска реакција ќе го исполира вашето сребро.

Наострете ги ножиците: Земете ги ножиците и со нив сечете фолија. Ќе бидат како штотуку да сте ги купиле.


2. Електроника

6-raboti-od-vasiot-dom-koi-ne-treba-da-gi-frlate-2

Компјутерите, мобилните телефони, телевизорите многу брзо излегуваат од мода, но тоа не значи дека треба веднаш старите да ги фрлате.

Побарајте сајтови од фирми кои се занимаваат со рециклирање и пронајдете некој кој би сакал да ја откупи вашата стара електроника. Рециклирајте ги старите кабли, текстил, тонери и сѐ останато што повеќе не го користите, а за некои од нив можете и добро да заработите.


3. Шишиња од кечап, сенф...

6-raboti-od-vasiot-dom-koi-ne-treba-da-gi-frlate-3

Немојте да ги фрлате старите шишиња од кечап, сенф и други сосови, бидејќи доволно е само да ги измиете и во нив да го ставите маслото или некој ваш домашен сос.

Следниот пат кога ќе правите палачинки, само наполнете едно вакво шише со смесата и истурете ја директно во тавчето. Во текот на летото, наполнете го шишето со домашен прелив за сладолед.


4. Очила за гледање

6-raboti-od-vasiot-dom-koi-ne-treba-da-gi-frlate-4

Ако вашиот диоптер се променил или едноставно сакате нови очила за гледање, тогаш подарете ги старите во некоја добротворна организација. Постојат милиони луѓе во земјите за развој кој не можат да си дозволат очила за гледање.


5. Сијалици

6-raboti-od-vasiot-dom-koi-ne-treba-da-gi-frlate-5

Ако ви прегорела светилката, тоа не значи дека треба да ја фрлите. Бидете креативни и направете интересен дизајн од старите сијалици. Инспирирајте се и искористете ги старите сијалици.


6. Картон од тоалетна хартија

6-raboti-od-vasiot-dom-koi-ne-treba-da-gi-frlate-6

За децата овој картон значи двоглед, а возрасните имаат многу поголема корист од него. Замотајте ги пластичните кеси во ролна и така средете ги фиоките. Доколку имате многу кабли и не знаете што со нив, едноставно уредно средете ги во картоните од тоалетната хартија и секогаш ќе ви бидат на дофат.

Сите дипломи, крштеници, болнички снимки, признанија, награди можете да ги замотате со помош на картонот од тоалетната хартија и така да ги сочувате. 

Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...
7 работи кои екстремно богатите луѓе ги купуваат (за да покажат дека се богати) Од екстремно скапи часовници до ретки уметнички дела, како богатите луѓе го пока...
6 работи кои ве кочат во животот (и кои треба да ги промените) Екстремно сте самокритични и со своите отровни стрелички си ја разјадувате самод...
9 работи од кои жените се згрозуваат кога ќе влезат во стан на некој маж Обвивки од искористени кондоми. Фрижидер преполн со алкохол, без воопшто храна в...
9 работи кои секој ден ги земаме здраво за готово (а за кои треба да сме благодарни) Во Македонија како кукањето да ни стана навика. Ајде наместо да се жалиме, да се...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg