9 предности на луѓето со поразвиена десна страна од мозокот
Десната страна од мозокот е онаа креативната. Информациите се во облик на слики, наместо зборови. Задолжена е за препознавање на многу бои, лица, места, звуци и објекти.
Мислите дека ова се и ваши квалитети? Направете го овој забавен тест за да откриете дали левата или десната страна од мозокот ви е поразвиена.
Ако вашиот одговор е десната - ова се 9-те работи во кои сте подобри од сите останати:
1. Овие луѓе фантазираат за големи работи во животот
Склони се кон сонување. Можеби имаат лоши оценки, но сите тие лекции за историјата кои ги пропуштиле се ненаучени само заради многу поголемите планови за иднината. Тие постојано фантазираат за нешто единствено и поинакво.
2. Чувствуваат длабоко, а не површно
Луѓето кои повеќе ја користат десната страна од мозокот се многу поемотивни. Дури и во бесчувствителното општество во кое растеме, нив ги карактеризира нежност.
3. Го разбираат секое движење
Тие можеби не го разбираат секој збор, нема да научат 10 јазици, но во текот на разговорот разбираат многу подобро отколку сите останати лица. Лесно го препознаваат говорот на телото и емоциите, па затоа може одлично да комуницираат и без да кажат ниту еден збор.
4. Одлуките ги носат следејќи ја интуицијата, не логиката
Кога и да треба да донесат одлука, луѓето со поразвиена десна страна го слушаат внатрешниот глас. Познато е дека со годините полека разбираме дека требало да ги направиме работите кои интуицијата ни ги шепотела, па затоа овие луѓе се многу позадоволни.
5. Посилно сакаат
Едноставно нивата љубов е силна и моќна. Не ги отфрлаат чувствата затоа што не го добиле очекуваното. Го следат своето срце и и даваат повеќе шанси на љубовта.
6. Создаваат, не ја следат толпата
Овие луѓе знаат како да најдат нов, сопствен начин за да ги завршат обврските, креираат сопствени работи и активности, a знаат совршено да го организираат своето време. Плус, покажуваат голем интерес за бројни и нови активности.
7. Имаат сопствени светови
Обожаваат кога нешто измислуваат и создаваат уметност. Не чувствуваат потреба да се прилагодат на светот во кој живеат, туку создаваат сопствени светови и правила. Тие попрво би биле среќни во својот свет, отколку несреќни во светот во кој сите ќе ги прифатат.
8. Знаат да донесат храбри одлуки и не се неодлучни
Луѓето кои почесто размислуваат со десната страна на мозокот знаат да бидат импулсивни и ненадејни, но затоа се похрабри во животот. Не ја носат секогаш најдобрата одлука, но во ниту еден случај нема да ја заобиколат.
9. Знаат како да уживаат во животот
Во што е смислата на животот, ако не знаеш да уживаш во него? Овие луѓе знаат дека животот не се врти само околу обврските и работата, па затоа живеат многу полесно и посреќно.