20 Психички блокади на кои треба да им ставите крај

Секој од нас со себе го носи куферот од минатото, во кој се спакувани нашите животни приказни, емоции, верувања...

20-psihicki-blokadi-na-koi-treba-d-im-stavite-kraj-1

Многу од работите кои ги носиме со себе ни предизвикуваат блокади, стравови и не спречуваат кога сакаме да направиме нешто ново во животот.

Затоа време е да им ставите крај на овие 20 психички блокади:

1. Премногу врзани

Според будистичката филозофија, врзаноста е коренот на проблемите. Се врзуваме за секакви работи, дури и за банални, а тоа често може да не спречи во одредено нешто. Затоа размислете убаво за што сте приврзани и запомнете дека секоја врвка може да се одврзе.


2. Чувство на вина

Вината нема никаква функција, освен што може да направи да се чувствувате лошо. Доколку на време не ѝ ставите крај, деновите ќе ви поминуваат во тага.


3. Негативни мисли

Песимистичките мисли и негативните ставови ве држат подалеку од сите убави нешта во вашиот живот и се вашата најголема пречка. Мислите имаат големо влијание врз светот околу нас, потрудете се да бидат што подобри.


4. Самокритика

Често се критикуваме себе со најдобра намера, но уште почесто ја поминуваме границата. Тенка е линијата помеѓу критиката и обесхрабрувањето, затоа бидете благи кон себе.


5. Предрасуди

Предрасудите ве прават огорчени и ве оддалечуваат од луѓето во вашата околина. Отворете го умот и проширете ги своите хоризонти.


6. Присилно размислување

Сметате ли дека се држите до нешто, не затоа што сакате, туку затоа што мислите дека така треба да правите? Време е за искрено согледување на нештата.


7. Потреба од туѓо одобрување

За сѐ што правиме во животот имаме потреба да бараме одобрувања од околината. Но, чекањето на туѓо одобрување лошо влијае врз нашата самодоверба.


8. Ограничени верувања

Животот не ги смислува границите, туку нашите верувања. Научете да препознавате кои верувања ве ограничуваат и ослободете се од нив.


9. Замерки

Истражувањата покажуваат дека постои поврзаност помеѓу болестите на срцето и емоциите како лутина и замерување. Зачувајте си го здравјето и заборавете ги замерките.


10. Одложување на обврски

Ако често ги одложувате работите за „од утре”, тоа ве спречува да ги направите важните работи. Обидете се да го промените тоа и денес завршете барем една важна задача.

20-psihicki-blokadi-na-koi-treba-d-im-stavite-kraj-2-4

11. Премногу грижа

Мислите преполни со грижи настануваат како резултат од непознатото во иднината. Нема потреба премногу да се фокусирате на тоа што би можело да се случи, особено ако немате цврсти факти во сегашноста.


12. Љубовни рани

Раскинувањата се тешки, но обидете се да сфатите дали патите заради губење на љубовта или заради идејата за губење која ја имате во вашата глава.


13. Грди спомени

Понекогаш доволно е само да се сетиме на непријатни работи и во нас да се разбуди тага. Тие сеќавања влијаат лошо врз сегашноста, затоа е најдобро да останат таму каде што припаѓаат - во минатото.


14. Непотребни работи

Во животот си создаваме неред од непотребни објекти. Време е да си го направите животот поедноставен и да се ослободите од непотребните предмети.


15. Лошо друштво

Доколку имате околу себе луѓе кои се неискрени, љубоморни и со песимистички размислувања оддалечете ги од себе.


16. Идејата дека сте производ на вашето минато

Доколку мислите дека сите работи кои ви се случуваат се резултат на искуствата од минатото, тогаш на тој начин само си го ограничувате погледот на иднината и живеете со верувањето дека иднината може да биде иста како минатото.


17. Губење на својот карактер

Еден од најголемите ризици на модерниот живот е губење на својот карактер, со тоа што премногу се фокусираме на улогата која ја имаме на работа, улогата добар родител и така губиме увид во нашата вистинска природа.

18. Лоши навики

Навиките се однесувања кои одново и одново ги правиме, а истите можат да нè спречат во корисното делување. Како на пример, гледањето премногу телевизија, пушењето цигари, премногу кафе...


19. Субјективно гледиште

Често сме емоционално вознемирени бидејќи зборовите на луѓето ги сфаќаме премногу лично. Обидете се да гледате од објективна точка на својот живот и така ќе успеете да останете емоционално балансирани.


20. Гледање на часовник

Времето е еден од најголемите извори на стрес. Научете како да го поминете времето без да бидете свесни за него и ќе почувствувате ослободување.

Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
7 работи кои екстремно богатите луѓе ги купуваат (за да покажат дека се богати) Од екстремно скапи часовници до ретки уметнички дела, како богатите луѓе го пока...
9 работи кои секој ден ги земаме здраво за готово (а за кои треба да сме благодарни) Во Македонија како кукањето да ни стана навика. Ајде наместо да се жалиме, да се...
„Мајка ми се разболе од рак“: Разгалени (и богати) деца откриваат кога имале „судир со реалноста“ „Кога дознав дека струјата и водата доаѓаат со месечни сметки“ – „разгалени“ дец...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
9 работи кои стануваат луксуз за средната класа, a пред 10 години беа лесно достапни Од одење во ресторан, на концерти и фризер до купување на дом, кои работи станаа...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg