Ви требаат пари? Пробајте ги овие штедливи трикови...

Потребно е само малку да ги промените вашите секојдневни навики за да направите голема промена во вашиот паричник.

vi-trebaat-pari-probajte-gi-ovie-trikovi-1

Почнете уште утре да ги практикувате овие трикови и на крајот од годината ќе имате доволно пари за патување, нова гардероба, половен автомобил или нешто за што одамна посакувате:

1. Утринското кафе подготвувајте си го од дома и носете си го во термос, така ќе заштедите многу пари.

2. Наместо за пауза да јадете скап ручек, направете си вкусен и здрав сендвич од дома и заштедете.

vi-trebaat-pari-probajte-gi-ovie-trikovi-2

3. Домашните забави се секогаш подобри и поевтини од одење во кафуле, особено ако излегувате секој викенд. Повикајте ги пријателите на пијалак дома, а потоа продолжете некаде само на една пијачка.

4. Не знаете што да вечерате? Наместо да нарачате пица, подобро направете си ја дома.

5. Заборавете на онлајн шопинг доколку сакате да заштедите. Подобро одете во бутик и купете го тоа што навистина ви е неопходно.

6. Секојпат кога одите да пазарувате за дома, подгответе си листа со намирници кои ви се потребни, па така нема да се изложувате на дополнителни и неопходни производи.

vi-trebaat-pari-probajte-gi-ovie-trikovi-3

7. Доколку не ја пиете водата од чешма и купувате флаширана, тогаш набавете си филтер за прочистување вода. Поевтин е и ќе заштедите многу повеќе.

8. Една од најлесните идеи и трикови за штедење на буџетот е да ги исклучувате светилките во просториите од домот во кои не седите.

9. Наместо да користите такси или сопствен превоз, користете го јавниот превоз или уште подобро, велосипедот, и уште на крајот од неделата ќе забележите дека сте заштедиле значителна сума пари.

vi-trebaat-pari-probajte-gi-ovie-trikovi-4

10. Разгледувајте ги понудите на рестораните и кафулињата пред да одберете каде да седнете. Многу ресторани во одредени денови имаат различни понуди на оброци и пијалаци поевтини за половина цена, а тоа одлично ќе ви ги заштеди парите. 

Би можело да ве интересира:

Храна, бензин: 11 трикови како да заштедите пари и платата да ви издржи до 1-ви „Дадете си задача еден месец да не фрлите ништо од храна. Кога бананите ќе почну...
10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
Застарени (женски) навики што ги научивме од мајките и бабите и треба да ги заборавиме Треба да носиме градник по дома, срамно е мажите да купат влошки за жените и мор...
7 работи што треба да ги направите пред да заминете на одмор Кренатите ролетни во кујната и тоалетот оставаат впечаток дека сте дома, па пома...
11 фото-докази дека мажите може да бидат ужасни за соживот Oд јадење на питата од средина до хаос после нивниот кулинарски подвиг во кујнат...
6 јога вежби кои ќе ви помогнат да заспиете (се прават на кревет) Јогата е одличен начин да се опуштите пред спиење, а уште подобро ако направите ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg