Стари верувања: Кои броеви освен 13 носат најголема несреќа?

Бројот 13 не е единствениот кој носи несреќа, а дел од верувањата за проколнатите броеви се толку силни што заради нив луѓето избегнуваат одредени телефонски броеви и адреси.

stari-veruvanja-koi-brojevi-osven-13-nosat-najgolema-nesreka-01.jpg

Број 191

Од 1960-та година, 5 различни авиони со бројот 191 доживеале катастрофална несреќа. Најлошата се случила во 1979 година кога авионот се срушил на аеродромот во Чикаго. Тогаш животот го загубиле 273 лица. Летовите под овој број веќе не постојат во дел од авиокомпаниите.


Број 26

Овој број се смета за несреќен од 2001 година, кога на 26 јануари во Гуџарат се случил земјотрес во кој животот го загубиле 20.000 луѓе. Цунамито во Индискиот Океан се случи на 26 декември 2004, а на 26 ноември 2008 имаше терористички напад во Мумбаи.


Број 7

Додека во многубројни култури 7-та се смета за среќен број, тоа не важи во Кина каде бројот 7 е симбол за напуштање, лутање и смрт. 7-от месец од кинескиот календар се уште се нарекува и „месец на духовите“. Тој број исто така се поврзува со многубројни авионски несреќи - летот MH17 се случил точно во 17 часот и 17 минути, а иста судбина го снајде и хеликоптерот Mi171 кој паднал во 7 часот и 37 минути.

stari-veruvanja-koi-brojevi-osven-13-nosat-najgolema-nesreka-02.jpg

Број 250

Овој број во Кина не само што носи несреќа, туку се смета и за навреда. На Мандарински јазик тој се изговара „ер-баи-ву,“ што значи имбецил.


Број 17

Во Италија овој број се смета за несреќен и како симбол на смртта затоа што во римски бројки изгледа вака - XVII. Понатаму може да се прераспореди во VIXI, што значи „Живеев.“ Тој натпис често се наоѓа на римските гробници, па затоа некои хотели во Италија воопшто и немаат соба со број 17, а некои авиокомпании на Алиталиа немаат 17-ти ред.


Број 39

Во Авганистан владее мит за човек кој имал автомобил со број 39 на табличката и живеел во куќа со број 39, а овој број му донел брутална смрт.  Токму затоа овој број се избегнува во телефонските броеви, регистрациите и адресите. Тоа верување стигнува толку далеку што автомобилите со регистрација во која го има бројот 39 се продаваат на половина цена, а луѓето кои имаат 39 години велат дека имаат „уште една година до 40“.

Би можело да ве интересира:

„Мајка ми се разболе од рак“: Разгалени (и богати) деца откриваат кога имале „судир со реалноста“ „Кога дознав дека струјата и водата доаѓаат со месечни сметки“ – „разгалени“ дец...
10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Идеи за кул есенски фотки (број 1: лист како здолниште) Од позирање „преку“ лист на кој имате исечено срце до позирање со чадор од кои „...
Најубавите женски имиња инспирирани од цвеќиња (и нивното значење) За родителите од големо значење е на своето дете да му дадат име кое гордо ќе го...
Хит прирачник како да си го уништите животот (слатко ќе ве насмее) „Не оди на доктор, игнорирај ги симптомите. Се чувствуваш уморно? Не грижи се, т...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg