Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Каква личност сте со еден збор, според другите луѓе?

Никогаш не треба да нè интересира мислењето на околината за нас, но мислењето на луѓето кои ни се блиски можеби заслужува мало внимание.

kakva-licnost-ste-so-eden-zbor-spored-drugite-lugje-1

Нивното мислење за нас секогаш треба да е на второ место во нашиот живот бидејќи првото место треба да го завземе нашето мислење и перцепција за сопствената личност и однесување.

Затоа пред да се запрашате како другите ве перцепираат со еден збор, прво запрашајте се дали вие самите се перцепирате како личност со која се гордеете што постои.

Иако понекогаш е тешко да извлечеме точна информација и точно мислење од некој близок за нас, не сакајќи истиот да нè повреди, сепак можно е да дознаете како останатите ве гледаат со помош на едно смешно прашање.

„Кога утре би ти кажале дека ме нема повеќе на овој свет, со кој збор би ме опишал како личност која постоела?"

Поставете го прашањето на луѓето кои ви се важни во животот и запишете ги одговорите на еден лист, потоа запрашајте се со кој еден збор би се опишале самите себеси и споредете ги одговорите.

Доколку одговорите се премногу контрастни со вашиот, можеби е време да подобрите нешто во вашиот живот.

Но, доколку се слични, радувајте се бидејќи сте оставиле правилен впечаток како кај себе така и кај луѓето што ги сакате во животот.

Кој еден збор ве опишува вас како личност?

Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
Зошто никогаш не треба да ја ставате облеката во хотелските плакари и фиоки? Ако сте од оние луѓе кои се подготвени за пакување на куферите во кое било време...
11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
Работи кои НЕ треба да му ги кажете на некој кој тагува за смрт на сакана личност „Не грижи се, сега е на подобро место“ или „Немој да плачеш“ се фрази кои треба ...
11 знаци дека сте наивна личност (карактеристиката број 7 ја имаат многу Македонци) Број 1: Имате преголема доверба во авторитетите – и сè што ќе ви кажат го правит...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg