40 мали секојдневни задоволства кои треба почесто да ги цениме
„Уживајте во малите работи во животот затоа што еден ден кога ќе се присетите на минатото, ќе сфатите дека тие биле големи работи“ - од денес дозволете ова да биде вашето животно мото.
Можете да започнете така што малку повеќе ќе ги цените овие 40 секојдневни задоволства:
1. Мек тепих под голите стапала.
2. Фаќањето на сите семафори на зелено.
3. Кога последното место за паркирање на полн паркинг е ваше.
4. Кутриња кои сакаат да се галат.
5. Кога бавниот возач конечно ќе заврти.
6. Тренерки.
7. Масажа на нозете.
8. Кога фризерот ќе го направи токму она што го замисливте.
9. Бебето кое не плаче кога ви е во раце.
10. Спиење од 10 часа без едно единствено будење.
11. Совршено направените и наполнети палачинки.
12. Идеалната топлина на водата кога се туширате.
13. Меката бањарка после истиот туш.
14. Парчето пица после многу алкохол.
15. Кога огромното мозолче конечно ќе исчезне. Па уште ако е утрото пред закажаниот состанок...
16. Возење со отворени прозорци.
17. Меката кожа после темелниот пилинг.
18. Сите бесплатни десерти и пијачки на денот кога ви е роденден.
19. Првото залче во моментот кога сте прегладнети.
20. Мирисот на првата летна скара во двор.
21. Студена вода после напорен тренинг.
22. Чувството по совршено измиените заби.
23. Викенди кои траат 3 дена.
24. Омилената храна на попуст.
25. Доброто мезе кога одите на гости.
26. Лимонада на +40 степени.
27. Лиснати штотуку извадени од рерна.
28. Големи, меки ќебиња.
29. Кога чевлите за кои сонувавте конечно ќе ги ставите во вашето шкафче.
30. СМС пораката со содржина за која се молевте со денови.
31. Спиење додека самото тело не ви е подготвено да стане.
32. Хеланки.
33. Сметката која очекувавте да е барем двојно поголема.
34. Останувањето во кревет на дождлив и тмурен ден.
35. Кога вашето милениче ве пречекува како да сака да ви каже „Конечно! Цел ден те чекав!“
36. Удобниот џемпер за по дома после цел ден во здолниште, сако, панталони, стегнати чевли.
37. Петок попладне.
38. Пишување со совршено квалитетно пенкало.
39. Штотуку отворен сладолед.
40. Денот кога ќе се зeма плата.