Што не смеете да правите овој петок 13-ти?

Луѓето секогаш имаат потреба да ги објаснуваат нејасните појави, па често пати се трудат да прочитаат некои симболи и знаци кои можеби и воопшто не постојат. Многу често тие се врзани за денешниот ден - петок 13-ти.

sto-ne-smeete-da-pravite-ovoj-petok-13-ti-01.jpg

Оние кои се суеверни и веруваат дека ова е малерозен и баксузен ден, ќе се потрудат да не ги прават овие неколку работи, а ќе ве советуваат и вие да ги избегнувате:

Не поминувајте под скали

Ова верување има корени од христијанството. Потпрената скала за ѕид формира триаголник, кој го симболизира Светото тројство. Баш од таа причина, суеверните луѓе никогаш не сакаат да го нарушат овој триаголник со поминување низ него.


Не истурајте сол

Некои тврдат дека Јуда истурил сол за време на последната вечера со Исус, иако никогаш нема да има цврсти докази за оваа теорија. Солта била многу скапа и редок зачин во средниот век, а се користела и во медицински цели. Лекарите исто така имале обичај, ако случајно ја истурат солта со која ги лечеле пациентите, веднаш да земат неколку зрна и да ги фрлат преку левото рамо за да ги погодат лошите духови кои ги предизвикувале болестите.


Не допирај бубамара

Убивањето на овој инсект носи лоша среќа затоа што според верувањата на христијаните таа ја претставува Дева Марија.


Кога зевате ставете ја раката на уста

Овој обичај ни го оставија предците кои некогаш верувале дека лошите духови може да влезат во нас додека зеваме, право низ устата.


Ако кажете нешто лошо, чукнете во дрво

Уште еден древен обичај. Предците сметале дека во дрвото живеат лоши духови, па чукањето ќе ги спречи да слушнат што точно зборуваат луѓето и така тоа нема да се оствари.


Не ги прекрстувајте виљушката и ножот

На петок 13-ти никако не смеете да ги прекрстите виљушката и ножот за време или по јадењето, тврдат суеверните. Не само што е несоодветно, туку и ќе ви донесе лоша среќа затоа што Х-от симболизира тешки времиња.

Би можело да ве интересира:

Низ илустрации: Каков „сладок хаос“ е животот во брак со деца Кога децата спијат врз вас или јадете останки од храна како „романтична“ вечера ...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
Зошто никогаш не треба да ја ставате облеката во хотелските плакари и фиоки? Ако сте од оние луѓе кои се подготвени за пакување на куферите во кое било време...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Киви без семки и уште 8 навидум обични продукти од кои луѓето се изненадиле кога ги виделе Јајце без жолчка, тиква која 6 месеци изгледа исто без никакви промени – секојдн...
Попај навистина постоел, но не бил морнар и не јадел спанаќ - Како настанал омилениот цртан лик? Вистинскиот Попај бил силен, храбар и обожавал деца, но не бил морнар и не јадел...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg