Типови на луѓе кои треба да ги запознаете пред да станете човек
Човекот пред да се запознае со светот е само една непишана книга која понатаму ќе треба да раскаже приказна за себе инспирирана од односите со другите луѓе, ситуации, падови и успеси.
Откако ќе го направи сето тоа и откако ќе ги запознае овие типови на луѓе, тој како индивидуа може да се нарече добар човек.
Неверниот партнер
Овој тип на човек ќе ве научи дека изневерувањето е лош чин кој повредува без посебна причина.
Кога некого не сакате, напуштете го наместо да го изневерите, само така ќе може да се класифицирате во лојален и добар човек, за разлика од неверниот партнер.
Љубоморната колешка
Колешка од факултет или работа, не е важно, доколку е љубоморна ќе ве научи дека љубомората е болест.
Наместо да бидете љубоморни на нечиј успех, радувајте се за него, сигурно ќе ви се врати дупло!
“Најдобриот” пријател
Во наводници, најдобриот пријател ќе ви покаже како НЕ треба да изгледа едно пријателство.
Оној што ве лаже, озборува, запоставува, ве тера да се правдате или чувствувате недоволно добри не е вистински пријател, напротив вистинскиот ги има сите спротивни претходни карактеристики.
Лошиот шеф
Шефот кој ќе ве омаловажува, притиска или се однесува лошо кон вас, посочувајќи постојано дека не сте доволно добри ќе ве научи како НЕ треба да се однесува еден добар шеф.
Исто така ќе ве натера да се трудите повеќе од доволно, за да се чувствувате самите повеќе од доволно задоволни.
(Не)човекот
Оној што ќе ве омаловажува, навредува, повредува, лаже, манипулира и што уште не, со други зборови (не)човекот ќе ви покаже како треба да се однесува еден добар човек, а тоа е сето она спротивно на она што го правел тој.
Наместо да сте негативно настроени откако ќе ги запознаете сите овие типови на луѓе, научете од нивното однесување како НЕ треба да се однесувате во животот.
Не се претворајте во нив, бидете подобри од нив, бидете тој човек меѓу луѓето кој останатите луѓе ќе бидат горди што го запознале!