Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Што заклучуваат луѓето за вас во првите неколку секунди од запознавањето?

Уште и во првите секунди од запознавањето со некоја личност, можеме да заклучиме многу работи, од нејзиниот статус до интелигенцијата.

sto-lugjeto-zaklucuvaat-za-vas-vo-prvite-nekolku-sekundi-od-zapoznavanjeto-1

Погледнете до каков заклучок доаѓаат луѓето уште при размената на првите неколку речници во текот на запознавањето:

1. Дали може да ви се верува?

Уште во првите 10-ина секунди луѓето преку набљудувањето, начинот на држење на телото одлучуваат дали може или не да ви се верува.


2. Дали имате пари?

Холандска студија открила дека луѓето кои носат брендирана облека, се доживуваат како личности кои имаат повисок статус од оние кои не носат дизајнирана облека.


3. Кои се вашите сексуални ориентации?

Луѓето ја читаат машката сексуална ориентација дури за 1 секунда. Научните велат дека нам ни е доволен само еден симптом за брзо и ефикасно когнитивно перцепирање на туѓите карактеристики.


4. Дали сте паметни?

Една студија од 2007 година открива дека гледањето во очите на соговорникот има голема врска со тоа како се доживува вашата интелигенција. Тука помагаат и носењето очила за гледање и експресивниот начин на говорење.


5. Дали сте успешни?

Тука повторно голема улога игра начинот на облекување. Имено, кога разговараме со маж кој е во одлично скроено одело, кое изгледа скапо, за него ќе сметаме дека е успешен, што секако не мора секогаш да биде така.


6. Дали сте авантуриста?

Луѓето не ве „читаат” само по изгледот, туку и по начинот на кој се движите. Луѓето кои опуштено одат ги доживуваме како повеќе отворени и наклонети кон авантури. 

Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...
7 работи кои екстремно богатите луѓе ги купуваат (за да покажат дека се богати) Од екстремно скапи часовници до ретки уметнички дела, како богатите луѓе го пока...
6 работи кои ве кочат во животот (и кои треба да ги промените) Екстремно сте самокритични и со своите отровни стрелички си ја разјадувате самод...
9 работи кои секој ден ги земаме здраво за готово (а за кои треба да сме благодарни) Во Македонија како кукањето да ни стана навика. Ајде наместо да се жалиме, да се...
9 работи од кои жените се згрозуваат кога ќе влезат во стан на некој маж Обвивки од искористени кондоми. Фрижидер преполн со алкохол, без воопшто храна в...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg