Психолошки трик со кој лесно ќе ја донесете секоја одлука
Факт е дека луѓето многу полесно носат одлуки кога се работи за некој друг, отколку за себе. Тоа е така затоа што многу е полесно да се размислува со ладна глава кога се работи за туѓи проблеми и затоа што не сме субјективни како кога се работи за нас.
Затоа, најдобро е ако можете пред да донесете некоја важна одлука, да се поставите надвор од ситуацијата.
Замислете дека таа ситуација му се случува на некој друг кој бара помош од вас и дајте му го советот искрено, без воопшто да помислите дека тоа сте вие.
На пример, замислете дека доаѓа вашата најдобра пријателка и ви кажува дека партнерот ја изневерил и не знае дали да му прости.
Прашајте се за околностите, причините, реакциите. Најдобро е да ги запишувате на страна за да не си делувате лудо кога зборувате со сами себе, туку како да сте на психијатар со кој сериозно разговарате.
Потоа погледнете што сте напишале и преземете ја улогата на психијатар. Објективно размислете, без да се соживувате со ситуацијата и според запишаното одлучете како е најдобро да постапи вашата пријателка.
Запишете ја и одлуката. Кога ќе бидете подготвени, свестете се дека тоа е вашата најправилна одлука и применете ја.
Истото може да го направите во секоја друга ситуација.