Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Ако не се обидеш да шутнеш, никогаш нема да го погодиш голот

Седиш сам на игралиштето наречено живот во средината гледајќи ја сета онаа публика која те бодри, а од другата страна онаа која те куди и не шутираш.

ako-ne-se-obides-da-sutnes-nikogas-nema-da-go-pogodis-golot-1

Стравот од нивната негативна реакција доколку не погодиш те плаши, успехот те плаши повторно доколку сепак шутнеш и...гол, погодиш директно во голот, слушајќи ги навредите од противничката публика.

Но, кога ќе погодиш онаа која те бодри верувај секогаш ќе го надмине врисокот на оваа другата, затоа важно е како ја одбираш публиката.

Одбирај некоја што секогаш ќе те бодри без разлика дали ќе дадеш гол или не.

Но, ти не правиш ништо воопшто...како би те бодрела кога не се движиш?

Не се обидуваш да шутнеш, стравувајќи дека нема да погодиш, стравувајќи од твојата самодоверба која ќе ја снема, но грешиш, многу грешиш.

А на грешките се учи, исто како што се учи и на промашен гол, па дури и автогол не е исклучок, кога ќе размислиш автоголот е најдобрата лекција која може да те научи на многу работи во животот.

Кога ќе си дадеш себеси автогол, сфаќаш дека сè зависи од тебе, дали ќе внимаваш каде шутираш или ќе шутираш насочувајќи се кон твојата пропаст, кон сопствениот гол.

И тоа не е на одмет...

Важно е да се движиш, да тренираш, да се одржуваш во форма, важно е да се обидеш, бидејќи во спротивно секогаш ќе го губиш натпреварот уште на почеток.

Секогаш ќе си даваш автогол кој ќе им даде на останатите предност да те победат, заминат и одминат.

Сепак повторно потсети се дека на грешките се учи, важно е да имаш желба да научиш. Можеби сега не знаеш ништо околу правилата на натпреварот, но имаш капацитет за да разбереш, имаш капацитет за да шутнеш силно и да погодиш...или промашиш.

ako-ne-se-obides-da-sutnes-nikogas-nema-da-go-pogodis-golot-2

Без разлика, важно е да се обидеш...

Бидејќи ако не се обидеш, никогаш нема да го погодиш голот!

Дали ќе го добиеш натпреварот наречен живот или ќе заминеш поразен без химна која те бодри, изборот е твој.

Само запомни дека дури и најдобрите играчи станале најдобри благодарение на промашените голови кои ги мотивирале.

Би можело да ве интересира:

Фото-докази дека некои луѓе се поголеми баксузи од вас и имаат полош ден од вашиот „Клучот ми паднал на паркинг полн со снег – кога сфатив, се вратив да го побарам...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...
10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
Дете кое исчезнало од училиштен двор и уште 3 нерешени мистерии од кои ќе ве полазат морници Хедер Тиг била грабната од плажа покрај река во САД, но и покрај очевидецот, до ...
„Кога маж ви вели дека има отворен брак, 99% е сигурно дека лаже“ и уште 11 животни лекции од жени Неговите поранешни девојки не се луди, тој е злоупотребувач, односно проблемот е...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg