Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Мислите дека свекрвата не ве сака? Еве како да проверите

Свекрвите често се етикетирани како наметливи, а снаите како површни и неспособни. Сепак, колку лошо и да звучи оваа поделба, има убави примери кои покажуваат дека трудот од двете страни сепак може да се исплати.

mislite-deka-svekrvata-ne-ve-saka-eve-kako-da-proverite-01.jpg

Што е најинтересно, многу лесно ќе откриете дали свекрвата ве сака или не.

Еве неколку знаци кои ги откриваат нејзините симпатии:

1. Ве сака близу до себе

Правилото за пристојно поздравување секогаш важи, но ако таа постојано ве прегрнува и започнува разговор, на добар пат сте. Ако мајката на вашиот партнер сака да ве научи некој нов рецепт, а таткото ве вика да испиете по некоја пијачка, голема е веројатноста дека сте посакувани во тој дом.


2. Добивате подароци

Ако се сеќава на вашиот роденден или за празниците ве радува со по некое убаво спакувано пакетче, тоа дефинитивно е добар знак дека сте ја освоиле.


3. Секогаш сте поканети

Кога неговите роднини слават роденден или слава, неговата мајка секогаш ве известува и кани на собирот? Очигледно е дека и се допаѓате и сака да ве претстави пред семејството.


4. Ве вклучува во семејните приказни и споделува семејни тајни пред вас

Важно е да се чувствувате вклучено во нивниот живот. Ако свекрвата со вас сподели некоја семејна тајна, би требало да бидете почестени и да ја заклучите длабоко во себе.


5. На ваша страна е

Без разлика на тоа што нејзиниот син е миленикот, ако ве слушне дека сте незадоволни од нешто, знае да застане во ваша одбрана. Почитувајте го тоа, ретки среќници сте.


6. Ви пишува пораки и ви се јавува

Без посебна причина. Тоа е најголемиот комплимент кој можете да го добиете.

Во колку од знаците се пронајдовте? Дали вашата свекрва е ваш сојузник?

Би можело да ве интересира:

Колку светлото го менува изгледот на познатите градби во Македонија и светот? Кривата кула во Пиза, Ајфеловата кула во Париз, операта во Сиднеј се само дел од...
Фото-докази дека некои луѓе се поголеми баксузи од вас и имаат полош ден од вашиот „Клучот ми паднал на паркинг полн со снег – кога сфатив, се вратив да го побарам...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
6 лаги што си ги кажувате сами, а ве кочат во животот „Сите се подобри и поуспешни од мене и никогаш нема да ги стигнам“. Која лага си...
Првото дете им почина, се венча со друга жена 6 недели по разводот: Детали за првиот брак на Илон Ма... „Имавме огромна куќа со послуга. Одевме на гала свечености и седевме на најдобри...
14 случаи кога реалноста е многу полоша од очекувањата - Што порачав, а што добив? „Им напишав толку негативна критика, што ми рекоа дека ќе ми платат за да ја пов...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg