7 работи кои ве прават инстантно попаметни

Сосема природно е што некои луѓе се попаметни од други, едноставно се работи за генетика. Но, тоа не значи дека не можете да направите неколку ситници за да изгледате инстантно попаметно.

7-raboti-koi-ve-pravat-instantno-popametni-01.jpg

1. Не го држете пивото во рака

Луѓето прават глупави работи откако ќе испијат неколку пива. За жал, докажано е дека луѓето кои постојано се со пијачка во рака делуваат помалку интелигентни од оние кои се умерени и со добри манири.


2. Одете со иста брзина како луѓето околу вас

Истражувањето кое е направено на универзитетот во Бостон открило дека луѓето ја користат брзината на движењата за да донесат проценка за туѓиот карактер. Така, ако одите побрзо или побавно од луѓето околу вас, можно е другите да ве сметаат за помалку паметни.


3. Носете дебели очила

Очилата делуваат и секси и паметно истовремено. Сепак, оние со подебели рамки се покажале како повпечатливи. Плус, ако имаат коцкаст облик, тогаш сите ќе ве сметаат за генијалец.


4. Пишувајте просто и едноставно

Користењето на долги и комплицирани зборови е првиот начин на кој луѓето сакаат да се истакнат како попаметни. Но, тоа не е најдобра идеја. Постојаното користење на „големи“ зборови ве прави да делувате вештачки и дупло поглупаво. Затоа, користете лесни и разговорни зборчиња.

7-raboti-koi-ve-pravat-instantno-popametni-02.jpg

5. Внимавајте како зборувате

Ако две личности ги изговараат истите зборови, но едната од нив ги изговара малку побрзо и погласно, со помали паузи, тогаш ќе биде карактеризирана како поенергична, поснаодлива и попаметна.


6. Гледајте ги луѓето во очи

Гледањето во очи е клучната разлика помеѓу паметните и помалку паметните лица. Затоа, кога сте на било каков состанок, бизнис или љубовен, гледајте го партнерот во очи.


7. Облекувајте се паметно

Бројни истражувања покажуваат дека облеката не дефинира, сакале или не. Асистентите кои носат формална облека делуваат многу попаметно од оние кои се во фармерки и џемпер. А и вие не сте ништо поразлично, затоа бидете интелигентни и облекувајте се паметно.

Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
7 работи кои екстремно богатите луѓе ги купуваат (за да покажат дека се богати) Од екстремно скапи часовници до ретки уметнички дела, како богатите луѓе го пока...
9 работи кои секој ден ги земаме здраво за готово (а за кои треба да сме благодарни) Во Македонија како кукањето да ни стана навика. Ајде наместо да се жалиме, да се...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
Навики на луѓето кои мудро ги трошат парите (и затоа се богати), низ илустрации Од мали нозе научиле дека нема потреба да трошат пари на храна што само ќе стои ...
Знаци по кои ќе ги препознаете луѓето што ве озборуваат и ве осудуваат Да бидеме отворени: сите понекогаш знаеме да ги осудуваме другите и тоа е сосема...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg