Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Дали сте меѓу нив? Културните луѓе ги имаат овие 8 особини

„Животот има свои услови. За човекот да биде прифатен помеѓу образованите луѓе, мора да биде културен“, порачал рускиот писател Антон Павлович Чехов и составил листа од услови кои треба да ги исполнат културните луѓе:

dali-ste-megu-niv-kulturnite-luge-gi-imaat-ovie-8-osobini-01.jpg

1. Тие ја почитуваат човечката личност и затоа секогаш се љубезни, внимателни, учтиви и подготвени да направат добро за другите.

2. Се сочувствуваат со сите, не само со просјаците и мачките. Се грижат и за она што не се гледа.

3. Ја почитуваат туѓата сопственост и затоа ги враќаат сите долгови.

4. Икрени се и ги презираат лагите. Не лажат ниту за ситници. Лагата го навредува соговорникот. Не позираат, се однесуваат исто на улица и дома, не се прават важни пред своите скромни пријатели. Не се склони кон озборување. Од почит кон туѓите уши повеќе молчат, отколку што зборуваат.

5. Не се понижуваат за да ги сожалуваат. Не играат на картата на туѓата чувствителност за да добијат внимание. Не велат „мене никој не ме разбира“, затоа што тоа е евтин и вулгарен трик.

6. Не се грижат за лажните вредности или славните познанства за и тие да станат познати. Ако направиле нешто значајно, не се фалат со тоа дека имаат пристап каде што другите не смеат. Навистина талентираните луѓе секогаш се тргаат од светлината и рекламите.

7. Имаат развиено чувство за убавото, естетското. Не одат на спиење во облека, ја одржуваат чистотата. Ги контролираат своите нагони и во спротивниот пол не гледаат само сексуален објект. Тежнеат кон оригиналност, отменост, човечност, им се воодушевуваат на мајчинските инстинкти. Не се опиваат, туку пијат во посебни прилики. Се држат до паролата „во здраво тело здрав дух“.

8. Ако имаат дарба, ја почитуваат. Заради неа жртвуваат одмор, романси, излегувања, па дури и суета. Горди се на својата дарба, но и многу посветени.

Би можело да ве интересира:

Жени со тенки усни, ниски мажи: 13 луѓе откриваат кои се „маните“ што всушност си ги сакаат „Не знам зошто постојано на пиедестал се ставаат луѓето со зелени или сини очи, ...
10 луѓе кои направија корекции на лицето и се каат (фото) „Носот ми е скоро ист како пред операцијата - се каам што воопшто отидов под нож...
16 луѓе чиј ден сигурно бил полош од вашиот „Испеков колач за годишнината од брак на моите родители, но брат ми успеа да го ...
11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...
10 луѓе кои сосема сами го претворија домот во пријатно катче за уживање (фото) „Се откажав од идејата да следам одреден стил за уредување и почнав да уредувам ...
Фото-докази дека некои луѓе се поголеми баксузи од вас и имаат полош ден од вашиот „Клучот ми паднал на паркинг полн со снег – кога сфатив, се вратив да го побарам...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg