Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Денот на една невработена мајка: Кој е мажот што ќе ја замени во „уживањето“?

Доста ми е од тоа да ми велат: Лесно ти е тебе, не одиш на работа. Да, јас сум невработена, но во текот на денот имам толку многу работи, а никој не го забележува тоа.

denot-na-edna-nevrabotena-majka-koj-e-mazot-sto-ke-ja-zameni-vo-uzivanjeto-001.jpg

Нека се обидат тие мажи кои мислат дека ако се вработени се најуморни и најзафатени, да го прават сето ова од утро до мрак, секој ден, па да видам колку ќе бидат успешни.

Со овие фотографии сакам да го променам стереотипот за тоа дека ние, невработените мајки, уживаме!

Сè е лесно кога некој друг го прави. Јас сум таа која ја собира, пере, суши, пегла...целата валкана облека.

Да, јас сум и жена која слуша, сака, простува, бидејќи тоа е должност на мажените жени.

Јас сум и мајка која е посветена на своите деца и ги исполнувам сите нивни желби и потреби.

Кујната е свето место на кое само јас имам пристап, останатите се плашат, а од неа излегуваат јадења кои го хранат целото семејство и кои се разбира, јас ги подготвувам.

Јас сум и собарка и чистачка бидејќи куќата мора постојано да е средена и чиста.

Секако, бидејќи сум во форма, јас сум и совршена љубовница за мојот сопруг.

Ах, да, јас сум и сметководителка и администраторка, бидејќи сите обврски и сметки ги имам во малото прсте.

Бањата е моето второ свето место, каде четката и средствата за чистење ми се сојузници, бидејќи сè мора да блеска и убаво да мириса.

Се разбира, на крајот на денот, покрај дневната смена, моја е и ноќната смена, бидејќи јас сум, нели, жената и мајка која „не работи“!

Ова се сите мои улоги додека „не работам“:

Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...
Фото-докази дека некои луѓе се поголеми баксузи од вас и имаат полош ден од вашиот „Клучот ми паднал на паркинг полн со снег – кога сфатив, се вратив да го побарам...
6 работи кои ве кочат во животот (и кои треба да ги промените) Екстремно сте самокритични и со своите отровни стрелички си ја разјадувате самод...
7 работи кои екстремно богатите луѓе ги купуваат (за да покажат дека се богати) Од екстремно скапи часовници до ретки уметнички дела, како богатите луѓе го пока...
9 работи од кои жените се згрозуваат кога ќе влезат во стан на некој маж Обвивки од искористени кондоми. Фрижидер преполн со алкохол, без воопшто храна в...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg