20 работи кои со задоволство би ги правеле наместо да работите
Понекогаш работата која ја работиме, колку и да ни се допаѓа и нè прави среќни, постојат работи кои повеќе ни одговараат од нејзиното извршување во моментот.
Иако се безначајни и ситни сепак ни го пружат задоволството кое работата некогаш знае да ни го скрати.
Ова се само 20 од тие работи кои порадо би ги правеле наместо да работите.
- Чистење на станот, куќата или само вашата соба.
- Телефонски разговор со пријателите или семејството.
- Одење во шопинг и купување ситници кои ве радуваат.
- Секс или обично долго бакнување.
- Читање книга или гледање смешен филм.
- Гледање на сите епизоди кои ве засмејуваат од серијата „Пријатели“ повторно и повторно.
- Бесцелно седење на интернет.
- Дооолго туширање или лежење во топла када.
- Возење со автомобилот низ градот и размислување за вашиот живот.
- Кафе, кафе и кафе.
- Вежбање или трчање во блискиот парк.
- Листање на семејните албуми.
- Посветување време на себеси како на пример лакирање, средување на веѓите, чешлање на косата, редење на алиштата по боја во плакарот, шминкање...
- Играње со миленичето.
- Спиење или дремење под топло кебе, на удобна фотелја.
- Излегување на пиво, во добро друштво.
- Поготвување на специјалитет во кујната за ваше задоволство според ваш рецепт.
- Јадење чоколадо, чипс, пуканки, тост, хамбургер, смоки...
- Правење апсолутно ништо.
- Барање на платен годишен одмор кој ќе трае 12 месеци.
Што вие би правеле во моментов?
Би можело да ве интересира:





