Зарем вака е кога си во врска?

Секој барем еднаш во животот имал партнер кој се однесувал необично, чудно, екстравагантно, но, сепак привлечно, сè додека не раскинал со нас на ист начин како што се однесувал.

zarem-vaka-e-koga-si-vo-vrska-3

Јас не бев исклучок, знам дека не сте и вие, бидејќи моментално се присетивте на тој што ве научил како НЕ треба да изгледа една врска.

Со него се чувствував правилно, правејќи погрешни работи, но сега се чувствувам погрешно, правејќи ги вистинските работи, бидејќи тој ми ги проширил хоризонтите и видиците на погрешен начин, кој јас го сметав за чуден, но вистински.

На крај сфатив дека сепак бил лажен.

Откако го изгубив, пронајдов подобар, за кој мислев дека сака само обична авантура со мене, но излезе спротивното.

Можеше да ја има која било девојка во градот, но тој сепак ме одбра мене.

Започнавме да се гледаме и нашето прерасна во врска, врска која беше правилна и покрај тоа што се чувствував погрешно.

Бакнување на рака, давање на комплименти, галење по косата, лицето, бакнеж на носето, држење за рака пред сите, исто и во кревет додека водиме љубов, изразување на чувства, подарок без причина и што уште не...

Сето ова што го добивам од него ми е чудно и невистинито бидејќи тој, погрешниот, ме научи дека истото не треба да се практикува, кога јас го правев тоа за него, секогаш ме прекинуваше, никогаш не се осмели да ми возврати и така јас престанав да ги изразувам своите чувства.

Ги сокривав во моето срце секојпат кога сакав да му кажам „Те сакам”, бидејќи се потсетував на болката што ми ја создава таа негова пуста тишина која ми врискаше во главата.

Најмногу ми е чудно кога ќе ми испрати порака пред да заспијам која никогаш не ја заборава, порака што никогаш ја немав добиено од претходниот и ми се допаѓа.

Ми посакува слатки сништа и ми испраќа бакнежи, ми кажува дека перницата му мириса на мене, ми кажува дека му недостигам, нешто што никогаш не го слушнав од устата на екстравагантниот.

Ми кажува дека ме сака!

Знаете, чувствата не можат долго да се кријат, во спротивно значи дека не постојат воопшто.

Сега повеќе не очајувам зошто тој не изразувал никакви чувства кон мене, сфатив дека не можеш да изразиш нешто што не постои!

Му простив и продолжив.

Правење планови за иднината, планирање на летен одмор заедно, гледање на филм до крај бидејќи ме почитува...Треба ли да продолжам со набројување за да си докажам дека ова е вистинско и постои?

Не...

Во тие моменти се прашувам, зарем вака е кога си во врска?

zarem-vaka-e-koga-si-vo-vrska-2

Доколку ова е правилното не сакам да заврши, бидејќи ми годи кога сум посакувана, сакана и безбедна во нечии раце, негови раце.

Иако повторно се чувствувам погрешно правејќи правилни работи со вистинскиот, јас ќе продолжам да уживам, бидејќи сакам да го надминам тоа нереално чувство кое ми ја уништува реалната среќа.

Ништо не е погрешно, ако истото те прави среќен, а тој мене прави најсреќна!

Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
7 работи кои екстремно богатите луѓе ги купуваат (за да покажат дека се богати) Од екстремно скапи часовници до ретки уметнички дела, како богатите луѓе го пока...
9 работи кои секој ден ги земаме здраво за готово (а за кои треба да сме благодарни) Во Македонија како кукањето да ни стана навика. Ајде наместо да се жалиме, да се...
10 фотографии кои ќе ви го стопат срцето „Во нашето маало, некој непознат често остава мали подароци во плик за соседите....
9 работи кои стануваат луксуз за средната класа, a пред 10 години беа лесно достапни Од одење во ресторан, на концерти и фризер до купување на дом, кои работи станаа...
„Нема да се омажам за тебе“: 8 жени открија зошто ги одбиле своите партнери „Ме побара за сопруга и ми рече да си ставам тетоважа ‘приватна сопственост, заф...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg