Што открива обликот на ноктите за вас?

Обликот и големината на ноктите може да варира, а според тоа и карактеристиките на луѓето. Не верувате дека обликот на ноктите може да ве открие како личност? Проверете:

sto-otkriva-oblikot-na-noktite-za-vas-001

1. Вертикално долги нокти - вие сте смирен романтичар

Полни сте со креативност и сака да ги замислува работите на необичен начин. Токму заради оваа карактеристики, реалноста ве кочи и лесно може да западнете во заблуда. Тешко ви е да се соочите со логиката или приземните работи, па затоа треба што побрзо да пронајдете баланс.

2. Кратки и широки нокти - вие сте темпирана бомба

Имате способност лесно да комуницирате и јасно да ги искажете своите ставови. Дел од луѓето ова ги плаши, па може да се обидат да ве избегнат. Истовремено, имате голем проблем со трпението. Често пати имате конфликт помеѓу умот и емоциите.

3. Овални или јајцевидни нокти - вие сте вечни борци за мирен живот

Го сакате внатрешниот и глобалниот мир и се трудите да ги ширите каде и да одите. Кога и да намирисате опасност, се претворате во медијатор и се обидувате да ја смирите ситуацијата. Добро се сложувате со речиси сите луѓе. Сепак, имате проблем да ги искажете своите најдлабоки желби и чувства.

4. Коцкасти нокти - вие сте сериозни и тврдоглави

Вие сте тип на човек кој има голема храброст и сака да ги направи работите исправно по секоја цена. Имате сериозен став кон работите. Понекогаш сте нетолерантни, што може да ви предизвика проблеми во меѓучовечките односи. Често пати сакате и работите да бидат само по ваше, што ви е голем минус.

5. Триаголни или обратен триаголник - вие сте емотивен гениј

Емотивноста е збор кој ве опишува најдобро. Сакате да ги истакнете своите креативни идеи, но и да ги надополните несреќните лица. Бидете внимателни да не претерате со емотивноста и не потпаѓајте толку лесно под туѓи влијанија.

6. Нокти во облик на бадем - вие сте верни и искрени

Вие сте тип на човек кој пред сè останато е верен и искрен. Љубезни сте, сакате да ги третирате луѓето со почит, но лесно се нервирате кога работите нема да излезат како што сте планирале. Престанете да ги сфаќате работите толку сериозно!

7. Нокти во облик на меч - вие сте амбициозни идеалисти

Работите без оглед на резултатите кои ги постигнувате. Ќе направите сè што е потребно за да ги остварите своите соништа. Ова е прекрасна особина, но внимавајте да не платите превисока цена за она што го посакувате. Почесто внимавајте и на туѓите чувства.

Каков е вашиот облик?

Би можело да ве интересира:

Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
8 совети како да престанете да се плашите од самотијата (и да пораснете како личност) Престанете да верувате дека еден ден некој ќе дојде да ве спаси, да ве извлече о...
Фотки кои ќе ве утешат – Луѓе кои имале навистина лош ден Скршен клуч во брава, поплавен стан – ако имате лош ден, овие фотки можеби ќе ве...
Киви без семки и уште 8 навидум обични продукти од кои луѓето се изненадиле кога ги виделе Јајце без жолчка, тиква која 6 месеци изгледа исто без никакви промени – секојдн...
6 работи што им се познати само на силните и независни жени Никогаш не барате помош и генерално сакате да бидете сами бидејќи вистински ужив...
Застарени (женски) навики што ги научивме од мајките и бабите и треба да ги заборавиме Треба да носиме градник по дома, срамно е мажите да купат влошки за жените и мор...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg