Откачените пријатели се најзабавни!

Добрите пријатели се злато, но затоа оние откачените се богатство бидејќи со нив времето едноставно ни поминува секогаш забавно.

otkacenite-prijateli-se-najzabavni-1

Ова се 7 причини кои ќе ви потврдат дека сепак откачените пријатели се најзабавни!

Секогаш ќе имате добра приказна после бурна ноќ

Независно дали ќе одлучите да седите дома со чаша пиво во раката и добро филмче, или пак да излезете во ноќен клуб со вашите откачени пријатели, знаете дека која било опција ќе премине во бурна ноќ која ќе ви остави добра приказна плус за раскажување.


Тие се опуштени како со себеси така и со вас

За разлика од добрите пријатели кои се конзервативни и стегнати, откачените пријатели се опуштени како за себе, така и за вас, а богами и за сите останати околу нив. Никогаш нема да се почувствувате глупаво или потценето во нивно друштво.


Ве вадат надвор од вашата удобна зона

Дури и кога не сакате да излезете од неа, верувајте. Колку пати сте прифатиле да направите работа за која немате храброст само со мал поттик од вашиот откачен пријател кој нема страв ниту срам од ништо?

otkacenite-prijateli-se-najzabavni-2

Прават да се чувствувате живо!

Тие секогаш ќе бидат тука за вас, дури и ако им се јавите во три часот после полноќ со идеја за авантура надвор од градот. Едноставно живеат за моментот и прават заедно да се чувствувате живо и полно со авантуристички дух.


Со нив искусувате нови нешта

Независно дали се работи за нов коктел, возење со мотор или правење на нешто непознато за вас, откачените пријатели ќе бидат секогаш тука за да ве запознаат со истите.


Тие не прават драма, самите се драма

Излегувањето со нив е нешто најдоброто што може да ви се случи кога сте депресивни, тие со нивната појава веднаш ве развеселуваат вас, но ги привлекуваат љубоморните погледи кон останатите бидејќи не прават драма, но самите по себе се драма која ќе направи да си поминете супер во нивно друштво!


Ги поддржуваат вашите откачени соништа

Сакате Ламборџини или писателска кариера, тие се тука за вас да го скроите заедно планот со кој ќе дојдете до вашите соништа, иако знаете дека можеби немаат доволно моќ за да го сторат тоа за вас, сепак никогаш нема да ви дадат до знаење дека не се тука кога се работи за поддршка во остварување на вашите желби. Тие веруваат во вас повеќе отколку што веруваат во себеси, запомнете го тоа!


Не ве оставаат да правите глупави работи, барем не сами!

Најдобрата карактеристика на откачените пријатели е тоа што никогаш нема да дозволат да направите некоја глупава работа... барем не сами, секогаш ќе ви се придружат во акцијата!

otkacenite-prijateli-se-najzabavni-3

Се согласувате?

Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
7 работи кои екстремно богатите луѓе ги купуваат (за да покажат дека се богати) Од екстремно скапи часовници до ретки уметнички дела, како богатите луѓе го пока...
9 работи кои секој ден ги земаме здраво за готово (а за кои треба да сме благодарни) Во Македонија како кукањето да ни стана навика. Ајде наместо да се жалиме, да се...
Зошто никогаш не треба да ја ставате облеката во хотелските плакари и фиоки? Ако сте од оние луѓе кои се подготвени за пакување на куферите во кое било време...
9 работи кои стануваат луксуз за средната класа, a пред 10 години беа лесно достапни Од одење во ресторан, на концерти и фризер до купување на дом, кои работи станаа...
10 навики на луѓето кои на сите ни одат на нерви (повеќе од што било) Без осет ставаат еден тон парфем што не е пријатен за носот на околината, тресат...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg