Заземете став пред луѓето кои не ве почитуваат
Ако се чувствувате како да сте мета на манипулација, агресија и доколку во вашето опкружување постојат личности кои не ве оставаат да дојдете до збор или да ја довршите реченицата, време е да заземете став пред овие луѓе...
Почнувате нешто да зборувате, но соговорникот ве прекинува на половина реченица и започнува друга тема. Вие од една страна имате чувство на вина, а од друга свесни дека станува збор за напад врз вашата личност.
Погледнете како да заземете став пред луѓето кои не ве почитуваат и како да ја држите во контрола целата ситуација:
1. Прекинување во сред реченица
Личности кои константно ве прекинуваат додека зборувате, се всушност луѓе кои се уверени дека токму тие ги имаат најинтересните информации, а не некој друг. При вакви моменти во нас расте нервоза секој пат кога сме прекинати.
Решение: Штом се случи нешто вакво, веднаш запрете го соговорникот и мирно кажете: „Извини, јас не ја завршив мислата“. На тој начин, личноста ќе сфати дека создала грда навика, а вие ќе и помогнете да научи подобро да комуницира.
2. Прекинување во сред реченица со поправки
Оваа личност е за нијанса полоша од првата. Таа не само што ве прекинува, туку и ве поправа. Со тек на време таа ќе стане напорна, бидејќи никој не сака да се чувствува помалку вреден од останатите.
Решение: Следниот пат штом ве прекине, вдишете длабоко и кажете: „Јас го ценам тоа што ме подучуваш, но понекогаш сакам да ги изразам своите мисли и чувства без страв дека ќе бидам омаловажен/а”. Ако и тоа не функционира, пробајте да играте на картата на егото: „Со тоа подучување не ми одеш на нерви само мене, туку и на сите наши пријатели”. Последниот обид е прекинување на контактот со оваа личност.
3. Надигрување
Станува збор за личност која има потреба да ги прави работите подобро од вас и веднаш тоа да ви го даде на знаење. Штом започнете приказна, оваа личност секако ќе раскаже уште подобра, посилна приказна за да биде главна ѕвезда. Овие луѓе не знаат дека се напорни и дека ги вознемируваат другите.
Решение: Мирно и со почит укажете и на проблемот и објаснете и дека и вие сакате да раскажете некое свое искуство, без притоа некој да се обидува да ве надигра. Пред нив поставете се самоуверено и објаснете им како стојат работите.