Пораката на овој шал повеќе ќе ви го стопли срцето, отколку вратот!
Понекогаш нешто сосем едноставно, може да биде прекрасно пријатно изненадување. Не се потребни многу пари, ниту скапи подароци со долги посвети. Доволно е едно хумано дело кое ќе им помогне на многу луѓе.
До една ваква идеја дошле некои луѓе во Вилмингтон, Северна Каролина, кои поради ниските температури надвор решиле да направат нешто хумано и топло.
На разни места низ градот, како споменици, канделабри, цевки, врзале топли шалчиња во разни бои со иста порака: „Не сум изгубен! Ако ти треба за да ти биде топло, те молам земи го. Твој е. Стопли се и направи нешто за да му помогнеш на некој друг, ако можеш“.
Слични пораки со шалчиња се оставени и низ Канада и Норвешка. Ова е одлична идеја за да израдувате некого на кого му е најпотребно, да направите добро дело, кое нема да ве чини многу, а ќе ве направи посреќни и побогати во срцето.