Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Како ми се промени животот откако почнав да станувам рано наутро...

Неодамна во една книга прочитав дека успешните луѓе станувале рано наутро барем еден час порано од планираното и дека тој час бил клучен за нивниот успех и расположение во текот на целиот ден.

otkako-zapocnav-da-stanuvam-rano-nautro-nauciv-2

Започнав и јас да го практикувам истото веќе подолго време и научив...

- Тој час можам да си го посветам себеси, без разлика дали ќе вежбам, ќе си направам кафе и ќе ја следам раздвиженоста низ мојата улица, ќе завршам некои домашни обврски кои нема да ми тежат на глава во текот на денот или ќе се опуштам подолго во топла када со миризлива купка.

- Тој час можам да го искористам за читање книга или размислување за моите цели и соништа што сакам да ги остварам.

- Научив дека ако станеш порано денот ќе ти трае подолго, а со тоа ќе имаш повеќе време за да го искористиш максимално извршувајќи се што си наумил.

- Научив дека кога станувам порано сум попродуктивен и поактивен во текот на денот.

- Научив дека кога станувам порано ја истерувам мрзата од моето тело и внесувам елан кој ми дава сила.

- Научив дека утринскиот воздух е оној најубавиот во текот на денот кој ти дава свежина преку целиот ден.

- Научив дека со станувањето рано се чувствувам помлад.

- Научив исто така дека легнувањето пред полноќ е најдобрата работа што ја научив од будењето рано наутро, тоа е едноставно правилен ритам на телото кој сега го почитувам.

otkako-zapocnav-da-stanuvam-rano-nautro-nauciv-1

- Научив дека со станување рано и правење на утрински вежби го подобрувам метаболизмот, имунитетот и физичката форма на моето тело, со еден збор моето здравје е подобро!

- Научив дека со станување рано наутро си докажувам дека се почитувам себеси доволно да си одредам нова рутина која ќе влијае позитивно врз мене, тоа се вика љубов кон себеси!

Станувајте и вие рано наутро и искористете го утрото максимално, тоа е начин на самопочитување и љубов кон себеси!

Дали и вие станувате рано наутро или спиете до попладневните часови?

Би можело да ве интересира:

Фото-докази дека некои луѓе се поголеми баксузи од вас и имаат полош ден од вашиот „Клучот ми паднал на паркинг полн со снег – кога сфатив, се вратив да го побарам...
Кога денот ќе тргне на лошо: Ситуации од кои секој би доживеал мини нервен слом (фото) „Излегов на минусни температури за да си го продадам таблетот на договорено мест...
10 работи што денес ни се смешни, а биле сосема нормални во минатото (фото) Во 1920-тите биле измислени здолништа за капење, но, многумина сметале дека овие...
Фотки кои ќе ве утешат – Луѓе кои имале навистина лош ден Скршен клуч во брава, поплавен стан – ако имате лош ден, овие фотки можеби ќе ве...
Работи што можете да ги видите само во Мексико (фото) Леб без кора исечен ан парчиња, автомат за ранци, но и огромен избор на лути сос...
10 фотографии кои ќе ви го стопат срцето „Во нашето маало, некој непознат често остава мали подароци во плик за соседите....

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg