Мојот татко, мој херој!
Секако дека мајката е единствена, но таткото е херојот во животот на секое дете.
Не само што нè учи на храброст и како припадник на посилниот пол нè заштитува, исто така нè учи на вистинските вредности во животот од машки апект.
Еве зошто мојот татко е мој херој.
- Тој е силен како планина.
- Тој знае да ме затопли со својата прегратка повеќе и од летното сонце.
- Тој е смирен како тивко море кој преминува во бесна бура кога сум во опасност.
- Тој е дарежлива душа на природата.
- Тој е мудроста на годините што ме советува да учам од неговите грешки.
- Тој е раката што ме крева кога паѓам.
- Тој е раката што ме држи кога се чувствувам осамено и сфаќам дека никогаш нема да бидам осамен/ а бидејќи го имам него.
- Тој е човекот што ме зачнал.
- Тој е човекот што ме пораснал.
- Тој е личноста што посакувам да е покрај мене цел живот.
- Тој ме научил на култура и ме воспитал правилно.
- Тој е заслужен за она што сум денес.
- Тој се грижел за мене, а тоа е доволна причина да му вратам во иста мера кога ќе остари.
- Тој е поттикот за мојот успех.
- Тој е љубовта што никогаш нема да умре.
- Тој е мојот татко.
- Тој е мојата гордост.
- Тој е мој херој!
Дали вашиот татко е ваш херој?