Најнеобичните божиќни традиции во светот
Во поголемиот дел од светот, Божиќ се прославува заедно со семејството, но во одредени култури постојат необични традиции за славење на овој празник.
Елка, сијалички, вкусна храна, уште и кога би паднал снег би било совршено, но во некои делови од светот некои луѓе Божиќ го дочекуваат на чуден начин.
На пример...
1. Во Индија, наместо елка се украсува божиќно дрвце. Во оваа земја не расте тој вид на вегетација, па затоа тие украсуваат што прво ќе им дојде при рака: стебло од банана, праски и слично.
2. Во Украина, божиќното дрво задолжително се украсува со пајажина. Украинците веруваат дека ќе ги следи среќа цела година доколку видат пајак на божиќното дрво.
3. Во Венецуела се сопира целиот сообраќај на Божиќ, за луѓето да можат да пешачат заедно до црква.
4. Во Норвешка се верува дека токму на Божиќ се појавуваат злите духови, па затоа таму луѓето ги кријат сите метли, за вештерките и другите духови да не можат да одлетаат со нив.
5. Во 1974 година познатиот синџир за брза храна КФЦ направил огромна кампања за Божиќ во Јапонија и како резултат на тоа, денес сѐ уште можете да најдете Јапонец како јаде од КФЦ за овој празник.
6. Во Германија традиција е да се сокрие краставичка во божиќното дрвце. Првиот кој ќе успее да ја пронајде на Божиќ добива подарок.
7. Во Финска луѓето не можете да ги најдете дома за Божиќ. Тие за овој празник одат на сауна.