Празнични чувства во кои сите уживаме
Колку и да не сте љубители на зимата, ниските температурите и тмурните денови, постојат чувства кои ви будат некоја празнична еуфорија на која не може да останете рамнодушни.
Ова се тие чувства во кои сите потајно уживаме:
- Чувството кога ја китите елката, а потоа потајно се воодушевувате секој пат кога ќе ја погледнете.
- Чувството кога сијаличките во вашата куќа или низ градот ви намигнуваат пренесувајќи ја својата топлина и магија во ладниот воздух кој го вдишувате.
- Чувството кога некој ќе ви подари честитка или вие ќе подарите честитка со искрени желби за новиот почеток. Има некоја посебна магија во честитките, наместо СМС пораките.
- Чувството кога купувате лампиони и украси кои на чуден начин му даваат топлина на домот и посебен шмек во кој уживате.
- Чувството кога слушате божиќна песна во еден од оние тмурни, магливи денови кои ви носат мир.
- Чувството кога гледате мало дете кое се фотографира во скутот на Дедо Мраз во кој и вие некогаш сте верувале.
- Чувството кога ги дувате балоните стравувајќи дека ќе ви пукнат во лице.
- Чувството кога ќе се поздравите за прв пат со снегот преку вашиот прозорец или праг.
- Чувството кога ќе ги направите првите снежни стапалки во дворот или на улицата рано наутро.
- Чувството кога ќе се потсетите на сите тие игри во снегот со вашите пријателчиња од детството.
- Чувството кога го правите вашиот снешко во дворот или на улица, без оглед на тоа колку години имате.
- Чувството кога ќе се потсетите дека некогаш сте јаделе снег или сте шмукале мраз. Признајте дека сите сме го правеле тоа!
- Чувството кога ќе се потсетите на најболниот пад во снегот на вашиот задник кој ви предизвикал смеа од срце.
- Чувството кога ќе се потсетите на вашата санка и секојдневното безгрижно санкање по цел ден.
- Чувството кога за прв пат ќе ги ставите ракавиците, шалот и капата како во детските денови.
- Чувството кога добивате новогодишен подарок од драга личност или чувството кога давате подарок, незаменливо нели?
- Чувството кога ќе ја слушнете новогодишната реклама со Дедо Мраз која најавува дека Новата година се ближи.
- Чувството кога за прв пат ќе го облечете новогодишниот џемпер.
Кое празнично, зимско чувство вам ви е најдрагоцено?
Би можело да ве интересира:





