Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


5 Изговори кои ве спречуваат да ги остварите соништата

Зборовите и мислите се многу посилни отколку што си мислите, а ако ги промените нив тогаш и вашиот живот ќе тргне во саканата насока.

5-izgovori-zaradi-koi-ne-si-gi-ostvaruvate-sonistata-1-

Кога ќе ви падне на памет да кажете „Не можам” променете ја изјавата и кажете „Можам да го направам тоа” и ќе видите како вашата внатрешна перспектива и надворешен свет се менуваат .

Да се биде свесен за своите зборови е неверојатна моќ, а овие 5 работи кои си ги кажувате само ве оддалечуваат од вашите соништа:

„Се плашам”

Во ред е да се плашите. Без разлика дали станува збор за ситна или голема работа, она за кое сонувате е сепак излегување од вашата конфорна зона. Затоа е природно и нормално да ви биде страв. Но, стравот не смее да биде причина и затоа е потребно да заборавите на тој збор.

Вашиот нов избор на зборови нека биде: „Јас сум возбуден/а и весел/а! Одиме понатаму.”


„Немам доволно...”

Пари, време, искуство, знаење... Но, тоа никој вам не ви го кажува, туку вие мислите дека тие работи ве спречуваат. Наместо да гледате што немате, свртете се кон ресурсите кои ги имате и размислете како рационално да ги искористите.

Вашиот нов избор на зборови нека биде: „Имам повеќе отколку што ми е доволно за да сонувам и тоа да го остварам.”


„Јас сум едноставно таква личност”

Ако себе се гледате како да сте фиксирани, многу брзо ќе станете безнадежни. На своето патување ќе гледате како на невозможна мисија. Наместо да се концентрирате на подрачја во кои не сте најспособни, обрнете внимание на работите и ситуациите во кои вашата личност може да расте.

Вашиот нов избор на зборови нека биде: „Секогаш ја надградувам мојата личност и станувам уште подобра.”


„Премногу е тешко”

Следењето на интуицијата и срцето бара многу труд, затоа секогаш кога ќе почувствувате дека нешто ви е тешко, треба да се запрашате зошто е тоа така. Вие следете ги соништата и уживајте во процесот на нивното остварување, бидејќи целиот ваш живот е еден процес.

Вашиот нов избор на зборови нека биде: „Да се биде човек од акција е забавно и ме инспирира да продолжам понатаму.”


„Не сум подготвен/а”

При спроведување на вашите намери вие секако во одреден момент ќе се почувствувате како да не сте подготвени. Но, наместо да се сопрете себеси само заради тоа што не сте подготвени, запомнете дека ќе се почувствувате подготвени само тогаш кога ќе започнете.

Вашиот нов избор на зборови нека биде: „Ако не сега, тогаш кога?”

Би можело да ве интересира:

13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
Фото-докази дека некои луѓе се поголеми баксузи од вас и имаат полош ден од вашиот „Клучот ми паднал на паркинг полн со снег – кога сфатив, се вратив да го побарам...
11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...
10 работи што денес ни се смешни, а биле сосема нормални во минатото (фото) Во 1920-тите биле измислени здолништа за капење, но, многумина сметале дека овие...
„Кога маж ви вели дека има отворен брак, 99% е сигурно дека лаже“ и уште 11 животни лекции од жени Неговите поранешни девојки не се луди, тој е злоупотребувач, односно проблемот е...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg