Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Новогодишна честитка без адреса

Празниците ни чукаат на врата, Новата година веќе е на прагот, а вие? Како се чувствувате кога ќе помислите на овие две работи? Убаво, нели?

novogodisna-cestitka-bez-adresa-01.jpg

Постојат личности во светот што не се чувствуваат убаво, им фали мотивација, сила, поддршка, самодоверба или се болни. Зошто не би ги израдувале со една честитка без адреса?

Се прашувате како е можно тоа?

Купете неколку честитки и во нивната содржина напишете искрена кратка порака која би ги содржела наредните зборови:

„Здраво,

Пред се да те поздравам со топла прегратка и искрено ракување, доволно силно за да го почувствуваш, но доволно лабаво за да ти даде простор да ги искажеш своите маки и проблеми.

Иако не те познавам сигурно и ти како јас сакаш да ја почувствуваш новогодишната магија која се ближи да нè дофати, но ние бегаме од неа.

Можеби си среќен,можеби не, не знам.

Доколку си среќен, задржи ја насмевката на лицето за време на празниците и имај убава Нова година која исто така ќе биде исполнета со среќа како претходната.

Но, доколку си тажен, уморен и меланхоличен, насмевни се, потсети се на сите убави работи кои те опкружуваат, доволно е само да ја откриеш магијата на лампионите кои измамуваат насмевка на децата. Биди како нив, како тие деца и радувај се на ситници.

Помалите делови градат големи нешта, запомни го тоа ти мал, но голем човеку кој заслужуваш среќа и благодет исто како и сите останати околу тебе, а можеби и малку повеќе од нив.

Се надевам ти пренесов барем малку новогодишната магија и еуфорија кои сакам да те следат во чекор секој ден сè до Новата година, а и ќе зачекорат со тебе во наредната.

Продолжи го овој ланец на искрени честитки без адреса, купи една, напиши неколку искрени зборови во неа и испрати ја на непозната адреса.

Кој знае можеби токму таа честитка е она што му е потребно на некој во моментот за да почувствува среќа.

Среќна Нова година!”

Охрабрете се и пратете честитка на непозната адреса... Насмевнете некого... Стоплете нечие срце уште денес!

Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...
6 работи кои ве кочат во животот (и кои треба да ги промените) Екстремно сте самокритични и со своите отровни стрелички си ја разјадувате самод...
7 работи кои екстремно богатите луѓе ги купуваат (за да покажат дека се богати) Од екстремно скапи часовници до ретки уметнички дела, како богатите луѓе го пока...
9 работи кои секој ден ги земаме здраво за готово (а за кои треба да сме благодарни) Во Македонија како кукањето да ни стана навика. Ајде наместо да се жалиме, да се...
9 работи од кои жените се згрозуваат кога ќе влезат во стан на некој маж Обвивки од искористени кондоми. Фрижидер преполн со алкохол, без воопшто храна в...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg