Ако синоќа сонувавте дека умирате, еве што ќе ви се случи денес

Од време на време сите нè мачат кошмари од кој најстрашен е оној во кој ја сонуваме сопствената смрт.

ako-sinoka-sonuvavte-deka-umirate-eve-sto-ke-vi-se-sluci-denes-01.jpg

Како што за сите соништа има посебни народни верувања и толкувања, еве што значи смртта во сон:

Ако видите смрт - пред вас е долг живот со богатство и многу деца.

Ако гледате како смртта доаѓа по вас - ќе се најдете во големо искушение.

Ако ја надмудрите смртта - ќе имате среќен живот.

Ако сте осудени на смртна казна - во работата ве очекува напредок и голем успех.

Ако сте веќе мртви - ослободување од проблемите.

Ако го гледате сопственото умирање - ве очекува голем успех и конечно ќе станете свесни за своите можности и вредности.

Ако умрете и повторно оживеете - ве очекуваат големи грижи, тага и жалост.

Ако гледате како некој друг умира - ќе ве напушти блиска личност.

Ако сонувате како вашата сестра или вашиот брат умира - треба да надминете некој проблем од детството, да престанете да живеете во минатото и да се свртите кон иднината.

Ако сонувате како вашите родители умираат - тоа го симболизира процесот на растење и осамостојување.

Ако сонувате дека вашето дете умира - значи дека треба да се откриете себеси и да престанете да фантазирате, па наместо тоа да делувате.

Ако сонувате смрт на позната личност - ќе ви се случат големи промени во животот на кои нема да можете да дејствувате.

ako-sinoka-sonuvavte-deka-umirate-eve-sto-ke-vi-se-sluci-denes-02.jpg

Сепак, многу психолози тврдат дека сонувањето на сопствената смрт значи дека се наоѓате на животна раскрсница, односно дека сте во еден вид транзиција.

Соновите за сопствената смрт симболизираат внатрешна трансформација, себеоткривање и генерално развој на вашиот живот.

Затоа, ако синоќа сте сонувале смрт, денес очекувајте големи промени, затоа што само во ретки случаи смртта во сонот ја претставува вистинската физичка смрт.

Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Работи кои НЕ треба да му ги кажете на некој кој тагува за смрт на сакана личност „Не грижи се, сега е на подобро место“ или „Немој да плачеш“ се фрази кои треба ...
Попај навистина постоел, но не бил морнар и не јадел спанаќ - Како настанал омилениот цртан лик? Вистинскиот Попај бил силен, храбар и обожавал деца, но не бил морнар и не јадел...
Хит прирачник како да си го уништите животот (слатко ќе ве насмее) „Не оди на доктор, игнорирај ги симптомите. Се чувствуваш уморно? Не грижи се, т...
Идеи за кул есенски фотки (број 1: лист како здолниште) Од позирање „преку“ лист на кој имате исечено срце до позирање со чадор од кои „...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg