7 работи кои мора да ги направите пред Нова година

Нова година, нов почеток! Но, што се случува со претходната година од која не сте задоволни или можеби сте?

7-raboti-koi-treba-da-gi-napravite-pred-nova-godina-1

Без разлика, дајте му шанса на последниот месец од оваа година да ја направите подобра, незаборавна и не дозволувајте да пропадне во изгубените години од вашиот живот на кои не сакате да се сеќавате.

Еве што треба да направите пред да заврши оваа година со која ќе и дадете убав почеток на годината која следува.

1. Откажете се од партнерот кој не ве заслужува и пронајдете некој со кој ќе ја прославите Новата година на вистински начин.


2.
Избришете ги лажните пријатели и обидете се да стекнете нови, искрени, доколку не сте во состојба, само избришете ги лажните, оние кои ве прават да се чувствувате помалку вредни од нив.


3.
Завршете ги обврските кои цела година ги одложувате, без разлика дали тоа ќе биде симнување на некое килце во теретана или положување на крајните декемвриски испити на факултет.


4.
Осмелете се да го направите првиот чекор на патот кон остварување на вашите соништа, кој знае можеби оваа година пред да заврши ќе ви донесе најголем успех.


5.
Посветете им се на семејните ручеци или вечери за кои никогаш немавте доволно време или желба, а можеби и храброст.


6.
Простете си ги грешките пред да заврши годината и со тоа ставете им крај на критиките кон себеси и на лошите сеќавања или моменти кои ве преоптоваруваат.


7.
Сакајте се себеси, пред да заврши годината, за во следната да бидете среќни и исполнети со желба и ентузијазам истата да ја направите најдобрата и најубавата година од вашиот живот вредна за сеќавање!

Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Најубавите женски имиња инспирирани од цвеќиња (и нивното значење) За родителите од големо значење е на своето дете да му дадат име кое гордо ќе го...
11 фото-докази дека мажите може да бидат ужасни за соживот Oд јадење на питата од средина до хаос после нивниот кулинарски подвиг во кујнат...
Елен, сокол: Кое е вашето духовно животно според неделата во која сте родени? Елен - на луѓето им носите оптимизам, љубов, радост и среќа. Но, често заборават...
Правила и забрани кои жените Амиши мораат да ги почитуваат Не смеат да ја потстрижуваат косата и од нив се очекува да бидат домаќинки кои ќ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg