Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Детски бисери за бракот

Машко-женските односи и љубовните врски низ очите на децата се многу поедноставни, отколку низ очите на возрасните.

detski-biseri-za-brakot-01.jpg

Можеби затоа од време - на време, со блага насмевка на лицето сакаме да ги слушнеме нивните размислувања и гледишта.

Ако ги прашате што мислат за бракот, еве што ќе ви одговорат:

1. Мора да се земете со оној што ќе се бакнете. Тоа е првото правило.

2. Најдобро време за брак е кога имаш 23 години. До тогаш имаш цела вечност да ја запознаеш вистинската личност.

3. За девојчињата е подобро да бидат сами, а на момчињата им треба жена затоа што им треба некој што ќе чисти по нив.

4. За бракот да успее, мора да и кажувате на вашата жена дека е прекрасна, дури и кога ќе изгледа како камион.

5. Жената ја бираш по тоа дали ги сака истите работи како и ти. Ако сакаш спорт, тогаш и таа треба да го сака. И треба да сака да ти носи пиво и чипс.

6. Кога ќе завршам градинка, ќе си најдам совршена жена.

7. Никој не одлучува со кого ќе се венча. Бог тоа го одредува многу долго пред да пораснеме, а ние дури на крајот ќе откриеме со кого сме заглавени.

8. Не знам дали е подобро да бидеш сам или во брак. Но, знам дека никогаш нема да имам секс со жена.

9. Светот не би можел да функционира без брак. Како на луѓето ќе им објасните, од каде се дојдени сите деца?

10. Бракот е досаден, а врските се интересни. За да запознаете некој, мора прво да се забавувате.

11. Брак е кога ти дозволуваат да си ја задржиш девојката која ја сакаш, без да мора да ја вратиш кај родителите.

12. Никогаш не смееш да бакнеш девојка, ако не си подготвен да и купиш прстен.

13. Ако сакаш бракот да ти потрае, треба да носиш убава облека, дури и да си дома.

Би можело да ве интересира:

„Ако сте во брак и имате одделни финансии, не сте тим - вие сте само цимери со бурми“ „Во брак сте - не сте цимери. Парите не треба да бидат „мои“ или „твои“, туку „н...
Жена брка богати швалери за да добива скапи подароци - но сопругот ѝ одржа добра лекција (видео) Жена си бркала богати швалери за да добива скапи подароци од нив, но мажот со тр...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Низ илустрации: Каков „сладок хаос“ е животот во брак со деца Кога децата спијат врз вас или јадете останки од храна како „романтична“ вечера ...
Идеи за кул есенски фотки (број 1: лист како здолниште) Од позирање „преку“ лист на кој имате исечено срце до позирање со чадор од кои „...
„Кога маж ви вели дека има отворен брак, 99% е сигурно дека лаже“ и уште 11 животни лекции од жени Неговите поранешни девојки не се луди, тој е злоупотребувач, односно проблемот е...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg