Што открива вашиот ракопис за вас?
Имате ситен или крупен ракопис? Сте се запрашале ли што кажува тој за вас? Доколку одговорот е не, потсетете се на неговата големина и одговорете си на прашањето.
Откако ќе го сторите тоа, следно е да дознаете што тој кажува тоа за вас:
Ситен ракопис
Доколку имате ситен ракопис вие сте многу итра личност која секогаш има скриени намери. Не знаете да бидете искрени со другите луѓе бидејќи се плашите да не бидете повредени. Поради тоа лесно издавате тајни и често озборувате позади грб. Позитивна карактеристика е тоа што секогаш имате добри оценки и сте миленик на професорите и родителите.
Среден ракопис
Вие секогаш се ориентирате кон статус кво. Не сакате промени и живеете според свои правила кои ретко ги прекршувате, а исто така не дозволувате останатите околу вас да ви ја нарушат мирната бариера. Сакате мирен живот, но во вас се крие адреналински тип на човек кој кога – тогаш ќе излезе на виделина. Обожавате да сакате и да бидете сакани, но никогаш не ја признавате љубовта. Материјалноста е ваша маана.
Крупен ракопис
Имате големи соништа кои несомнено ќе ги остварите без разлика на сè. Упорни сте и не се откажувате, бидејќи кога ќе започнете една работа сакате да биде завршена до крај и на правилен начин. Вие сте голем верник како и во Господ така и во себеси и својата способност. Добар пријател сте кој знае да слуша, но не знае да даде совет. Потајно им завидувате на успешните личности околу вас бидејќи сè уште немате храброст да станете како нив, а знаете дека сте способни да го сторите тоа.
Микроскопски ракопис
Лукави и таинствени кои пленат со својата мистериозност, вие сте физички привлечна личност која повеќето од успесите во животот ги заработила со заслуга на својот изглед. Сакате да флертувате и никогаш не се предавате така лесно во врската на сексуален план. Не знаете вистински да сакате и често се заљубувате во погрешни личности со ваши сличности. Вашето мото е – „Остави ги, пред да те остават".
Везен ракопис
Вие сте многу темелна личност која во глобала внимава на ситни детали, бидејќи сте уверени дека деталите се најважни. Поради тоа често не ги гледате големите работи кои ви се пред нос, независно дали се работи за грешка или успех. Арогантни сте кога некој ве критикува и обожавате да сте во центарот на вниманието. Креативна личност која никогаш не знае за доста.
Ракопис со раздалечени букви
Недопирливи личности со камено срце. Обожавате ситуации во кои се истакнувате како лидери или херои решавајќи проблем кој никој не може да го реши. Не сте тимски играч и секогаш преферирате да работите сами. Мислите дека сте подобри од останатите и не им верувате, бидејќи не си верувате ниту самите себеси. Сепак, под таа ваша ладнокрвна маска се крие добра личност која знае вистински да сака.
Докторски ракопис
Подобро речено чкртаници кои никој не може да ги разбере исто како и вашите зборови и мисли. Уникатни личности родени како уметници иако се работи за докторски ракопис. Обожавате цртање, пишување, сликање и сè што е поврзано со уметноста и креативноста. Понекогаш се наоѓате во ситуација кога сите ве гледаат како чудак, но вие и понатаму терате по свое. Не прифаќате туѓи совети и склони сте кон изневерување во љубовта.
Каков е вашиот ракопис? Се пронајдовте ли?