Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Заљубете се во личноста која ја гледате во огледало!

За да им пружите љубов на луѓето околу вас и вашите најблиски потребно е прво истата да си ја давате себеси, секој ден, без исклучок.

zaljubete-se-vo-licnosta-koja-ja-gledate-vo-ogledalo-1.jpg

Дали би можеле да го сакате вашиот партнер или пријател доколку не се сакате прво самите? Одговорот е не, бидејќи љубовта за да се даде треба прво да се поседува.

Еве како ќе се заљубите во вашиот живот и личноста која ја гледате во огледало секој ден преку овие едноставни чекори:

Прифатете се какви што сте

За да се заљубите во вашата личност прифатете се такви какви што сте без да се менувате, бидејќи вие сте совршени на свој несовршен начин. Таа ваша несовршеност ве прави уникатни!


Набљудувајте се

Откако ќе се прифатите, време е подобро да се запознаете себеси, а тоа го вклучува набљудувањето на вашето однесување, размислување, лице и тело, како и вашиот стил на облекување. Откако ќе почнете да се набљудувате ќе сфатите дека ви се допаѓа личноста во која сте израснале, а вашето лице и тело се ваши адути кои не ги поседува никој друг освен вие.


Зборувајте со самите себеси

Секој ден, без исклучок застанете пред огледало и кажете си дека сте убави, паметни и добри. Не постои некој како вас, вие сте единствени. Освен тоа одвојувајте барем половина час од денот за да си посветите време на себеси, сами во свое друштво. Со тоа ќе ја зајакнете љубовта кон себе и ќе почнете да го анализирате вашиот живот кој ќе ви наликува на неверојатна приказна.


Однесувајте се кон себе како кон љубовта на вашиот живот

Дозволувајте си слатки задоволства, производи за нега на лице и тело, не запоставувајте ја косата, откажете ги диетите, бидете нежни кон себеси и не престроги кога ќе направите грешка. Простете си и однесувајте се кон себе како што би се однесувале кон љубовта на вашиот живот.


Бакнувајте го огледалото

Откако ќе го направите сето ова, подготвени сте да го бакнете огледалото, односно да си подарите бакнеж кој го заслужувате бидејќи тој што се сака се бакнува, а вие веќе сте започнале да се заљубувате во себе!

Би можело да ве интересира:

Фото-докази дека некои луѓе се поголеми баксузи од вас и имаат полош ден од вашиот „Клучот ми паднал на паркинг полн со снег – кога сфатив, се вратив да го побарам...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
10 работи што денес ни се смешни, а биле сосема нормални во минатото (фото) Во 1920-тите биле измислени здолништа за капење, но, многумина сметале дека овие...
„Кога маж ви вели дека има отворен брак, 99% е сигурно дека лаже“ и уште 11 животни лекции од жени Неговите поранешни девојки не се луди, тој е злоупотребувач, односно проблемот е...
10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg