Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


7 Навики кои ве прават хронично несреќни

Среќата се наоѓа во нас и во нашата способност да се промениме тогаш кога е потребно.

7-naviki-koi-ve-pravat-hronicno-nesrekjni-01.jpg

Сите имаме лоши денови, месеци кога го допираме дното и сме несреќни буквално на сите полиња од нашиот живот, но разликата помеѓу среќниот и несреќниот живот се крие во тоа колку долго ќе бидеме „таму доле”.

Погледнете кои 7 навики се карактеристични за хронично несреќните луѓе:

1. Тргнувате од точката дека животот ви е тежок

Среќните луѓе се свесни дека животот може да биде тежок, но тие тоа го гледаат периодично. Овие луѓе одговорно се преиспитуваат себеси, како можеле да се најдат во таква позиција и сконцентрирано работат на излезот од нередот.


2. Сметате дека на луѓето не може да им се верува

Сосема е во ред да се поседува одредена доза на недоверба, но повеќето среќни луѓе не одат низ животот со затворен ум и срце кон другите луѓе. Напротив, тие веруваат во добрината на луѓето и создаваат круг од блиски пријатели.


3. Се концентрирате на тоа што не чини, наместо на тоа што е добро

Во светот има илјадници лоши работи, но треба да почнете да размислувате и на убавите работи кои ве опкружуваат. Правете баланс помеѓу лошите и добрите случувања во светот.


4. Се споредувате со другите и чувствувате љубомора

Несреќните луѓе веруваат дека среќата на другите луѓе им е украдена од истите. Тие се уверени дека постои одредена количина на среќа која мора да се распореди, а штом е веќе некој среќен, тогаш значи дека за нив не останало доволно од таа среќа, што ги прави да се чувствуваат љубоморно.

7-naviki-koi-ve-pravat-hronicno-nesrekjni-02.jpg

5. Се обидувате да го контролирате животот

Постои разлика помеѓу контрола и труд со кои ќе ги постигнете саканите цели. Среќните луѓе секојдневно преземаат сѐ што можат за да го постигнат саканото. Од друга страна пак, несреќните луѓе се обидуваат да испланираат сѐ до најситни детали и се распаѓаат пред самата ситуација.


6. Помислата на иднината ви предизвикува страв и грижа

Несреќните луѓе се полни со мисли за тоа што би можело да тргне наопаку, наместо да мислат што може да тргне на добро. Среќните луѓе веруваат во здрава доза на сонување на тоа што посакуваат да им се случи.


7. Вашите разговори се полни со озборување и жалење

Несреќните луѓе сакаат да живеат во минатото и да зборуваат за тоа колку лоша судбина ги снашла. Кога ќе немаат веќе тема за разговор, започнуваат да ги озборуваат другите. Среќните луѓе живеат во сегашноста и сонуваат за иднината со нивните позитивни вибрации. 

Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...
6 работи кои ве кочат во животот (и кои треба да ги промените) Екстремно сте самокритични и со своите отровни стрелички си ја разјадувате самод...
7 работи кои екстремно богатите луѓе ги купуваат (за да покажат дека се богати) Од екстремно скапи часовници до ретки уметнички дела, како богатите луѓе го пока...
10 луѓе кои направија корекции на лицето и се каат (фото) „Носот ми е скоро ист како пред операцијата - се каам што воопшто отидов под нож...
Жени со тенки усни, ниски мажи: 13 луѓе откриваат кои се „маните“ што всушност си ги сакаат „Не знам зошто постојано на пиедестал се ставаат луѓето со зелени или сини очи, ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg