Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


6 светски книги за успешен живот кои мора да ги прочитате

Се чувствувате незадоволно од самите себеси, мислите дека ништо не ви оди од рака и дека не го живеете животот кој сте го посакувале отсекогаш?

6-svetski-knigi-za-uspesen-zivot-koi-mora-da-gi-procitate-3

Го паметите ли последниот пат кога сте прочитале добра книга за самомотивација и позитивна мисла? Најверојатно, тоа било многу одамна, а можеби и не се случило никогаш. Доколку тоа е навистина така, ова се 6 книги кои ќе ви помогнат да го смените размислувањето и начинот на поглед кон животот, од негативен во позитивен.

Не се работи за обични книги кои се досадни за читање, туку ова се книгите кои им го промениле животот на многу луѓе шурум светот, а вашиот сигурно нема да биде исклучок!

„Една минута за себе“

Книга напишана од познатиот автор Спенсер Џонсон која ќе ве научи како да си посветувате време на себе, ако не повеќе барем една минута во која ќе бидете смирени, опуштени и ќе научите како да му дадете време на времето.


„Алхемичарот“

Можеби најпознатата книга која им го промени животот на многу луѓе, а исто така и нивните вредности. Алхемичарот ќе ви покаже како да верувате во себе и своите соништа. Секој има своја лична легенда која треба да ја следи, рекол Пауло Коелјо, а универзумот е секогаш тука да ви го осветли патот.


„Моќта на потсвеста“

Најмоќната книга која ги надмина очекувањата на Џозеф Марфи. Откако излезе во продажба книгата им го промени животот на многу луѓе со тоа што ги научи дека со нивните мисли можат да го променат нивниот живот и да му дадат каква и да посакаат насока.

Тој раскажува за тоа дека сиромаштијата е болест и секој може да ужива во изобилство доколку посака, а болеста доколку се манифестира како рак или обична настинка вие секогаш може да ја излечете сами – со своите позитивни мисли и големо верување во себеси и својата потсвест.


„Кој го здипли моето сирење?“

Уште една одлична книга на Спенсер Џонсон која не учи на тоа како да се прилагодиме кон промените и секогаш да ги дочекуваме спремни. Тој среќата ја објаснува во облик на сиренце кое во секое време поради промена на условите може да ја снема, но ние не треба никогаш да се откажеме од неа. Секогаш треба да трагаме по сиренцето, бидејќи доколку сме упорни можеме да пронајдеме и ново, подобро сиренце од старото кое ни причинувало задоволство.


„Не е важно колку си добар, важно е колку добар сакаш да бидеш“

Пол Арден секогаш со уникатни, привлечни наслови кои имаат суштинско значење им го привлече вниманието на многу луѓе ширум светот и ги научи дека не е важно што си во животот и што сакаш да постигнеш, туку колку силно, навистина сакаш да го постигнеш истото.

Доколку си одлучен можеш да бидеш и подобар од што некогаш си замислувал. Истото го кажува и во својата друга книга – Што и да мислиш, мисли го спротивното, во која ќе ви покаже како да го извлечете најдоброто од вашите најлоши одлуки и искуства во животот. Со оваа книга исто така ќе научите дека секогаш кога губите, вие всушност добивате!

Би можело да ве интересира:

Фото-докази дека некои луѓе се поголеми баксузи од вас и имаат полош ден од вашиот „Клучот ми паднал на паркинг полн со снег – кога сфатив, се вратив да го побарам...
14 вознемирувачки мисли кои ги имаат психопатите во глава (и ќе ве наежат) „Твојата болка не ми значи ништо“... За психопатите, гледањето на нечие физичко ...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
10 луѓе кои направија корекции на лицето и се каат (фото) „Носот ми е скоро ист како пред операцијата - се каам што воопшто отидов под нож...
Луѓе кои преживеале фатални авионски несреќи – Американец двапати ѝ „избегал“ на смртта Кога авионот почнал да паѓа, Анет изгубила свест. Следното нешто на коешто се се...
11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg