Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


3 едноставни, но неверојатни работи кои може да ги научиме од децата

Децата се единствени од кои може да научиме едноставни, но неверојатни работи кои би нè направиле среќни доколку истите ги применуваме во секојдневието, почесто.

3-ednostavni-no-neverojatni-raboti-koi-moze-da-gi-naucime-od-decata-1

Кога последен пат сте се смееле како дете, онака од душа?

Ако тоа било одамна, продолжете со читање на овие три, едноставни, но неверојатни работи кои може да ги научите од децата и да бидете исполнети и задоволни секој ден.

Бидете среќни без причина

Насмевнувајте се колку и да ви е тешко, едноставно не симнувајте ја насмевката од лице. Бидете среќни иако не се чувствувате расположени бидејќи среќата е заразна и веднаш ќе ве преовлада. Така прават децата, се радуваат без причина, бидејќи тоа им е доволна причина.

Секогаш бидете љубопитни

Никогаш не престанувајте да истражувате, патувате, откривате, бидејќи човекот учи додека е жив, а децата иако не го знаат тоа, несвесно го применуваат. Со тоа растат и созреваат постепено, исто како и вие, бидејќи не постои степен до кој вашата зрелост би била комплетна, секогаш постои нешто ново кое може да го откриете.

Постојано борете се за тоа што го сакате

Како што децата се борат за џамлија, топка или во играта „Не лути се човече”, исто така и вие борете се за тоа што го сакате постојано, неуморно и не се откажувајте. Голема е веројатноста да го добиете тоа што го поскаувате и да се радувате како дете!                                      

Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...
6 работи кои ве кочат во животот (и кои треба да ги промените) Екстремно сте самокритични и со своите отровни стрелички си ја разјадувате самод...
7 работи кои екстремно богатите луѓе ги купуваат (за да покажат дека се богати) Од екстремно скапи часовници до ретки уметнички дела, како богатите луѓе го пока...
9 работи кои секој ден ги земаме здраво за готово (а за кои треба да сме благодарни) Во Македонија како кукањето да ни стана навика. Ајде наместо да се жалиме, да се...
9 работи од кои жените се згрозуваат кога ќе влезат во стан на некој маж Обвивки од искористени кондоми. Фрижидер преполн со алкохол, без воопшто храна в...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg