Знаци кои покажуваат дека имате вистинска пријателка

Во денешно време на многу лажни ликови и пријателства, тешко се наоѓаат вистинските. Тоа се оние кои знаат да направат толку едноставни, но значајни работи поради што се посебни.

znaci-koi-pokazuvaat-deka-imate-vistinska-prijatelka-lugeto-ve-prasuvaat-dali-ste-sestri-istovremeno-kazuvate-isto-nesto-001.jpg

Ако препознаете некој од следниве знаци кај вашата пријателка, знајте дека таа е вистинската и треба да се потрудите да ја задржите, бидејќи таа е најголема утеха и најголема среќа во сите моменти од животот.

1. Ги сакате истите серии

Дружејќи се со текот на годините, сте развиле сличен, ако не и ист вкус. Дури понекогаш се фаќате како разговарате за некоја од главните глумици како да се дел од вашето друштво. Дури и кога излегувате спомнувате некои нивни дијалози, па се чини како да го живеете нивниот филм и тоа ви е толку забавно.


2. Во исто време кажувате исто нешто

Луѓето кои поминуваат долго време заедно, имаат сличен начин на говор и често користат исти изрази. Понекогаш ви се чини дека една на друга си ги читате мислите, бидејќи кажувате исти зборови во исто време.


3. Луѓето ве прашуваат дали сте сестри

Вистина е дека луѓето кои често се заедно почнуваат и да личат едни на други, но дури и воопшто да не си личите со вашата најдобра пријателка, луѓето ќе претпостават дека сте сестри бидејќи веднаш им е јасно колку многу сте блиски.


4. Им се „заканува“ на момците со кои излегувате

Вистинската пријателка ја презема улогата на вашите родители и се грижи момчето со кое излегувате да не ве повреди, па низ шала знае да му каже: „Ако ја повредиш, ќе си имаш работа со мене“.


5. Не се осудувате една со друга

Таа вас не ве осудува ако гледате некое досадно реално шоу, туку трпеливо ве слуша кога ги раскажувате случките на актерите.

znaci-koi-pokazuvaat-deka-imate-vistinska-prijatelka-lugeto-ve-prasuvaat-dali-ste-sestri-istovremeno-kazuvate-isto-nesto-002.jpg

6. Ве видела како плачете

Пред неа не мора да ги криете солзите. Имате толку доверба во неа, што не ви е срам да заплачете и да си ја олесните душата.


7. Го познавате нејзиниот вкус и стил

Понекогаш кога сте сами во шопинг, забележувате нешто што таа сигурно би го купила, па веднаш и се јавувате и ја прашувате дали сака да ѝ го купите или го купувате за да ја изненадите.


8. Понекогаш во сабота навечер знаете да се дружите и дома, наместо да излегувате

Вашата заедничка забава не подразбира само излегување во ноќни клубови и „бркање“ фраери. Знаете одлично да си поминете и ако останете дома гледајќи филмови со пуканки.


9. Се доверувате една на друга за работи во врска со вашите момчиња

Дури и најинтимните работи, како проблемите во креветот. Вистинската пријателка нема да се насладува со тоа, туку ќе ви каже како може да ја поправите ситуацијата или што би направила таа.


10. Дури и ако сте подолго време разделени, продолжувате каде што сте застанале

Иако се немате видено некое време од различни причини или сте биле раздвоени на различни места, кога ќе се видите сè е по старо, како вчера да сте биле заедно и како да не поминало толку време.

10-znaci-deka-imate-vistinska-prijatelka-lugeto-ve-prasuvaat-dali-ste-sestri-4.gif

Имате нешто да додадете за вашата најдобра пријателка?

Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
7 работи кои екстремно богатите луѓе ги купуваат (за да покажат дека се богати) Од екстремно скапи часовници до ретки уметнички дела, како богатите луѓе го пока...
9 работи кои секој ден ги земаме здраво за готово (а за кои треба да сме благодарни) Во Македонија како кукањето да ни стана навика. Ајде наместо да се жалиме, да се...
9 работи кои стануваат луксуз за средната класа, a пред 10 години беа лесно достапни Од одење во ресторан, на концерти и фризер до купување на дом, кои работи станаа...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
Хит прирачник како да си го уништите животот (слатко ќе ве насмее) „Не оди на доктор, игнорирај ги симптомите. Се чувствуваш уморно? Не грижи се, т...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg