Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


8 предуслови за долг и среќен живот

Се прашувате каква состојба на духот, какви црти на личноста и какви луѓе ви се потребни за да живеете подолго и поисполнето?

8-preduslovi-za-dolg-i-sreken-zivot-01.jpg

Придржете се до овие 8 правила и среќата на долги патеки ви е загарантирана:

1. Ослободете се од бесот

Искористете го она што ве исполнува како издувен вентил кога сте лути и бесни. Трчајте, викајте, пејте, играјте...


2. Бидете креативни

Не е потребно да напишете или нацртате некое ремек дело, доволно е да ја ослободите креативноста на ваш личен начин. Таа ви го опушта и подмладува мозокот, искористете го тоа.


3. Бидете хумани

Добрите дела го редуцираат стресот кој може да доведе до повеќе болести. Искористете ја шансата, бидете дарежливи и чувствувајте се убаво.


4. Патувајте

Менувајте ја средината колку почесто можете. Докажано е дека со ова ја намалувате шансата за срцев удар за цели 30%.


5. Бидете весели

Константната загриженост може да ви го скрати животот за цели 16 години. Затоа, потрудете се да зрачите со позитивна енергија. Проблемите секогаш ќе постојат, ваше е да одлучите како ќе се соочите со нив.


6. Бидете заинтересирани

Нека ве интересираат ситници. Научете некоја нова вештина, нов јазик, решете нова загатка - сè што ќе ја подобри работата на мозкот.


7. Бидете друштвени

Почесто гледајте се со пријателите и роднините чија енергија ви одговара. Благодарение на позитивните луѓе можете да си го продолжите животот за речиси 4 години.


8. Ослободете ја својата сексуалност

Зрачете со сексапил, одете и смејте се привлечно, танцувајте му вашето момче/девојка, а потоа продолжете ја авантурата во креветот.

Би можело да ве интересира:

10 луѓе кои направија корекции на лицето и се каат (фото) „Носот ми е скоро ист како пред операцијата - се каам што воопшто отидов под нож...
Жени со тенки усни, ниски мажи: 13 луѓе откриваат кои се „маните“ што всушност си ги сакаат „Не знам зошто постојано на пиедестал се ставаат луѓето со зелени или сини очи, ...
10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...
10 луѓе кои сосема сами го претворија домот во пријатно катче за уживање (фото) „Се откажав од идејата да следам одреден стил за уредување и почнав да уредувам ...
16 луѓе чиј ден сигурно бил полош од вашиот „Испеков колач за годишнината од брак на моите родители, но брат ми успеа да го ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg