4 непишани правила кои важат помеѓу најдобрите пријателки
Постојат работи кои сакаш да ги споделиш со најдобрата другарка и постојат работи за кои не мораш да кажеш ниту збор, а таа сепак ќе ги разбере.
Не е важно дали се гледате секој ден или поминуваат со недели додека да седнете на кафе, сепак постојат работи кои секогаш функционираат на ист начин помеѓу најдобрите пријателки.
Непишаните правила на кои се заснова вистинското пријателство се токму овие:
1. Нема судење, туку само безусловна љубов
Кога чувствуваме дека некој ни суди, тогаш не се чувствуваме сигурно. Од најдобрите пријателки очекуваме поддршка, совет и рамо за плачење. Не можеме да очекуваме најдобрата пријателка секогаш да се сложи со нашите постапки, но таа никогаш нема да ги суди. Што и да се случува во нашиот живот, таа е секогаш тука.
2. Вистината е секогаш прва
Ако ја предупредиме дека премногу пие, премногу се грижи и работи, сигурно нема да и биде драго што го слуша тоа од нас, но тоа се работи кои најдобрите пријателки ги ценат. Ако навистина сакате да си помогнете, тогаш ќе ја кажете вистината и тука лутина не постои.
3. Нема натпревар
Ако еднаш почнете со споредбите за тоа која повеќе заработува, која има поубави високи потпетици, подобри оценки, тогаш сте тргнале по патот на зависта. Меѓу најдобрите пријателки не постојат овие споредби, туку тие се секогаш среќни заради меѓусебните успеси.
4. Секогаш тука за пријателката
Во животот не очекуваат тешки работи и убаво е кога се знае дека имаме личност на која можеме да и ги кажеме нашите приватни проблеми. Запомнете, најдобрата пријателка секогаш има време за да ве сослуша и да ве охрабри, без лажни извинувања и одложувања.