9 одлики на ментално силните луѓе
Она по што се водат ментално силните луѓе, навидум звучи едноставно и лесно, но ретко кој може вистински да го прифати и примени.
Многу зборови лесно се кажуваат, но тешко се реализираат.
За да успеете, навистина е потребна силна волја и реално размислување. Кога ќе почнете да ги применувате советите на вистински начин, тогаш ниеден проблем нема да ви изгледа невозможен и нерешлив.
Ова се тајните на ментално силните луѓе:
1. Тие се објективни
Грчките стоици имале максима: „Не постои добро и лошо, туку само вашата перцепција“. Истото подоцна Шекспир го дополнил: „Не постои ни добро, ни лошо, но размислувањето ги создава“. Начинот на кој ја гледаме некоја ситуација има голема моќ. Често реагираме претерано емотивно, што влијае на објективното сфаќање. „Може да имате и најдобар план на светот, но ако не ја гледате ситуацијата онаква каква што е – планот нема да биде исполнет“ – пишува авторот Рајан Холидеј во својата книга „Препреката е начин“.
2. Тие не мислат на правилата
Сите заслужуваме среќа, но не заслужуваме живот без препреки. Ставот дека заслужуваме сè што ќе посакаме може и самиот да стане едно од оние нешта кои ни го попречуваат патот до успехот. Ментално силните луѓе се свесни дека нивните планови и целиот живот може да биде искомплициран во еден момент. Затоа, не губат време на размислување за судбината и не очајуваат кога ќе наидат на препрека, туку се обидуваат да ја надминат.
3. Тие се стабилни
Менталната сила не се состои од безгрижен став, туку главна карактеристика на луѓето кои се психолошки силни е тоа што стојат цврсто на земја. Тие се емотивно стабилни и остануваат со ладна глава во жестоки ситуации. Затоа успеваат полесно и поедноставно да ги решат. Сепак, емотивната стабилност се гради во текот на годините и поради тоа не е чудно што зрелоста носи стабилност во тој поглед.
4. Не се обидуваат да бидат среќни во секој момент
Преоптовареноста со среќата може да доведе до негативен и нездрав став. Луѓето кои се ментално силни не ги избегнуваат негативните емоции, туку ги прифаќаат како и секое друго чувство кое го доживуваат и си ги дозволуваат и позитивните и негативните емоции за да го создадат нивниот внатрешен живот.
„Идејата за сè што правиме да биде дел од потрагата по среќата, делува како прилично опасна идеја, тоа доведува дури и до страв од тага“ – тврди социологот Хју Макеј.
5. Тие се реалистични оптимисти
Луѓето кои се ментално силни, стануваат откако ќе паднат. Наместо да се растажуваат и да се чувствуваат безнадежно, тие од неповолната ситуација успеваат да излезат со покреативно размислување и оптимизам. Тие се реалистични оптимисти, имаат надеж на оптимисти и јасно размислување како песимисти, што им помага да пронајдат мотивација и да размислуваат критично.
6. Тие живеат во сегашноста
Наместо да размислуваат за минатото и за тоа што се случило и што можело да се случи, ментално силните луѓе живеат во сегашниот момент и ја гледаат ситуацијата онаква каква што е. Основната идеја е да сте концентрирани на едно нешто: она кое е пред вас и да не влечете дополнителен товар.
7. Тие се упорни
Силните поединци се страствени кога сакаат да ја исполнат својата цел. Тие се упорни и одлучни. Погледот им е вперен кон иднината, поради што ден за ден се трудат да успеат во својата замисла. Сите имаме слушнато инспиративни приказни за луѓето кои ја исполниле својата желба, но на патот до врвот повеќе пати паѓале на дното. По секој пад, помислете дека би можеле да бидете на врвот и да не си дозволите да заглавите на дното.
8. Тие го препознаваат моментот кога мора да се откажат
Дури и најупорните луѓе понекогаш мора да се откажат. Ментално силниот човек, го препознава моментот кога е време да каже: „Се обидов, направив сè што беше во моја моќ, но морам да се откажам“. Способноста да го препознаете тој момент е важна колку и упорноста, дека сте забележале кога ситуацијата ви излегува од контрола и не можете веќе ништо да направите.
9. Тие си го сакаат својот живот
„Работите кои не можете да ги контролирате, не мора само да ги толерирате. Тие може да станат нешто најдобро што ви се случило“ – напишал Рајан Холидеј. Бидете благодарни за сè што ви носи животот и не дозволувајте пречките на патот да ви бидат само пречки. Претворете ги во пат по кој ќе се движите.