Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Ако седиш на ќошот од масата, нема да се ожениш/омажиш!

Суеверијата претставуваат празни верувања за некои случувања во иднината предизвикани од одредени работи во сегашноста, но без логично причинско-последично објаснување.

ako-sedis-na-kjosot-na-masata-nema-da-se-ozenis-omazis-01

Во нашата култура и традиција останале многу такви верувања и суеверија уште од старите и постојано се пренесуваат, шират, па се измислуваат и нови.

Иако генерациите се менуваат, некои од суеверијата и понатаму се прифаќаат. Едно од најраспространетите суеверија е тоа дека ако седите на ќошот од трпезариската маса нема да се омажите / ожените.

Ова суеверие потекнува уште од 18. век кога старите округли маси – синии, биле заменети со нови, коцкасти маси со ќошеви.

Порано масите немале ќошеви, па не постоело ни верувањето за ќошевите. Подоцна, кога почнале да се користат коцкасти маси, според обичајот на масата седеле само мажите, додека жените стоеле и служеле од ручекот.

Како што напредувало времето, се менувале и обичаите и навиките, па со еманципацијата на жената, кога и таа станала дел од заедничката трпеза, истото суеверие за седењето на ќошот почнало да важи и за неа.

Логично објаснување нема, но се поврзува со тоа што се смета дека ќошот е како трн, бодеж кој го разединува единството и хармонијата, па според тоа и оној кој седи пред него нема да може да оформи семејство и да се обедини заедно со некој друг.

Верувате вие во вакви суеверија? Го избегнувате ќошот?

Би можело да ве интересира:

Низ илустрации: Застарени верувања кои треба да ги оставиме во минатото Мажот не смее да стапне во кујна бидејќи готвењето е женска работа и уште 7 заст...
Фото-докази дека некои луѓе се поголеми баксузи од вас и имаат полош ден од вашиот „Клучот ми паднал на паркинг полн со снег – кога сфатив, се вратив да го побарам...
Хит прирачник како да си го уништите животот (слатко ќе ве насмее) „Не оди на доктор, игнорирај ги симптомите. Се чувствуваш уморно? Не грижи се, т...
8 изуми кои ги создале жени, а без кои светот ќе беше сосема поинаков Аквариум, чистач за снег - жените стојат зад многу значајни изуми без кои светот...
12 соседи кои како да се излезени од рајот (ќе посакате и вие такви) „Мојот глувонем сосед неколку дена се врткаше низ дворот, а ние мислевме дека пр...
10 фото-докази дека некои луѓе земаат плата залудно (и ужасно си ја вршат работата) Ако мислите дека вие сте имале лоша фризура, или дека вашиот мајстор направил не...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg