Жените ги советуваат жените: 8 животни мудрости кои треба да ги научите
Важно е да знаете што е вредно за вашето време и да ги прифатите промените кои ви се случуваат. Секој совет е добредојден, особено кога доаѓа од некој кој веќе поминал низ слична ситуација.
Иако се верува дека жените се завидливи едни на други, истовремено и советите кои може да си ги дадат меѓусебно се највредни.
1. За некои работи не вреди да се трудите
Многу лесно ќе се ослободите од некои работи ако на време сфатите дека не се вредни за да се нервирате. Важно е да научите како добро да балансирате со ситуациите и да процените за што вреди да вложувате време и енергија, а за што не. На пример, ако врската со некој кој навистина ви значи, се труди околу вас и сметате дека е ваша сродна душа, почне да оди во друг правец, вреди да се потрудите да го задржите. Но, ако се работи за врска со некој кој само ви се допаѓа, но сè уште не е созреан и се однесува детски, тогаш не вреди да си го губите времето.
2. Во дваесеттите години сè уште се менувате
Тоа се години во кои созревате и полека, но сигурно станувате возрасна личност. За неколку години ќе се сетите какви сте биле на факултет и нема да ви се верува како сте се промениле во сосем поинаква личност.
3. Не грижете се за стареењето
Стареењето е дел од животниот процес и тоа не треба да ве загрижува. Не почнува и не завршува сè со младоста, затоа прифатете си ги годините и носете ги достоинствено.
4. Работите нема секогаш да се одвиваат според планираното
Добро е да имате план, но треба да сте свесни за околностите кои може да ви застанат на патот. Бидете подготвени дека во некој момент животот може да ви тргне во сосема поинаква насока од планираната.
5. Врските се менуваат
Љубовните врски постојано се менуваат, исто како и луѓето. Ако го запаметите тоа ќе ви биде многу полесно да ги пребродите.
6. Некои работи ќе ви стануваат помалку важни
Жените во триесеттите имаат повеќе самодоверба и позадоволни се од животот. Имаат свој став и веќе не им е толку важно што мислат другите, а кога се проблемите во прашање, не се плашат да почнат да ги решаваат најдобро што знаат.
7. Никогаш немојте да бидете финансиски зависни од некој друг
Мажите доаѓаат и си заминуваат, но ако ја задржите финансиската независност, вашиот живот нема да се распадне. Не можете да бидете сигурни дека тој никогаш нема да ве изневери, но можете да бидете сигурни дека станот ќе остане на ваше име, па кога и да го оставите или да ве остави, ќе имате едно сигурно нешто кое е ваше.
8. Не поставувајте рокови за големите работи
„Морам да се омажам до 30-тата година!“ Бесмислено! Ако не сте го пронашле Вистинскиот и ако не сте родиле дете до кога сте замислиле, не значи дека тоа нема да ви се случи. Сосема е во ред да бидете сами. Брачниот статус не ја одредува вашата вредност.