10 работи кои сите ги правиме тајно, но никогаш не признаваме
Постојат работи заради кои истовремено се чувствуваме убаво и непријатно. Убаво, затоа што ни помагаат во одредени моменти, а непријатно, затоа што во моментот кога ќе ги изговориме звучат глупаво.
Но, не грижете се, ова се тие ситни, мали, непријатни работи кои сите ги правиме кога сме сами:
1. Плачете кога сте сами, без некаква посебна причина.
2. Пред огледало го вежбате важниот говор за да видите како ќе изгледате додека зборувате.
3. Ги шпиунирате луѓето кои не ги знаете на Фејсбук, а кога ќе ги запознаете, се правите како ништо да не знаете.
4. Ја носите истата облека 2 дена по ред, кога знаете дека нема да ги сретнете истите луѓе.
5. Ја стишувате музиката, но ги држите слушалките во уши, кога ве интересира нешто што другите зборуваат.
6. Најмалку 20 пати ја вежбате новата поза за фотографирање.
7. Пред да ја облечете, ја мирисате облеката за да проверите дали може да ја износите уште денес.
8. Се правите дека се протегнувате, само за да се проверите како мирисате.
9. Се правите дека пишувате порака, а всушност правите милион селфи фотографии.
10. Спиете со запалено светло во ходникот, затоа што сè уште се плашите од „чудовиштето под кревет.“
Што правите кога сте сами, а се плашете да го кажете на глас?