Што сѐ можете да исчистите со паста за заби?
Сигурно се сеќавате кога вашата баба ја користела пастата за заби за да исчисти некои делови во домот и навистина успевала да им ја врати сјајноста на многу нешта.
Пастата за заби содржи одлична формула, погодна за отстранување на многу нечистотии.
Ова хигиенско средство може одлично да ви се најде во чистење на многу предмети, па погледнете за што сѐ можете да ја употребите пастата за заби:
За хромирани површини
Чешмите во бањата и кујната повторно ќе го добијат својот сјај доколку ги исчистите со малку паста за заби, а потоа ги поминете со мека крпа.
Предмети без гребаници
Ако пластичните чинии сте ги изгребале со нож или виљушка, гребаниците можете да ги исчистите така што на оштетената површина ќе нанесете паста за заби. Истото можете да го направите и на изгребаните ЦД-а.
Без дамки на патиките
Ако белите патики ги извалкате од тревата, земете една четка за заби и на неа нанесете паста, а потоа истријте ги патиките и измијте ги. Освен тоа, можете да им го вратите сјајот на кожните чевли и да ги отстраните нивните дамки со тоа што на парче памук ќе нанесете паста за заби и нежно ќе ги исчистите.
Збогум на непријатните мириси
После сечкањето на кромид рацете мирисаат непријатно, а за да го отстраните тој мирис ќе ви помогне токму пастата за заби. Ставете малку од неа на рацете и потоа добро измијте ги, а мирисот ќе исчезне.