Вистини за животот кои ќе ве замислат

Животот е книга со правила кои ги кршиме, лекции кои ги прескокнуваме мислејќи дека се неважни, потточки на кои не обрнуваме внимание, но и вистини кои мора да ги научиме за да живееме поквалитетно и поуспешно во нашиот век на оваа земја.

vistini-za-zivotot-koi-ke-ve-zamislat-1

Ова е дел од тие вистини кои може за миг да ве замислат и да ве натераат да го подобрите вашиот живот уште денес.

1. Се што сакате да остварите започнува со само една мисла. Кога еднаш границите на мозокот ќе се прошират, не постои можност да се вратат во првобитната состојба.

2. Не постои сон кој не може да се оствари доколку доволно го посакувате. Не стравувајте од неговата големина, бидејќи вашите соништа се пропорционално големи колку и вашата способност за нивно остварување.

3. Вие поседувате подарок за светот кој мора да го подарите и споделите со сите останати луѓе на планетата, а тоа е вашиот талент.

4. Вие сте родени за да живеете успешно, со добра благосостојба и неограничена љубов. Никој не е осуден да живее во сиромаштија, болест или осаменост. Сето тоа зависи од вашиот начин на размислување.

5. Факт е дека секогаш го чекаме вистинскиот момент за да направиме нешто бидејќи се плашиме. Бидете првите кои ќе го направат сегашниот момент оној вистинскиот.

6. Едноставните, ситни чекори кон вратата на успехот ќе се претворат во џиновски кога еднаш ќе зачекорите после нејзиниот праг.

7. Вашата интуиција е вашето внатрешно GPS.

8. Не е морално секогаш да ги знаете одговорите на прашањата - како, кога и зошто. Едноставно реагирајте инстинктивно, веднаш и без причина. Одговорите сами ќе дојдат.

9. Магијата постои, исто како и вашиот животен сон. Само треба безрезервно да верувате во нив и ќе се уверите во нивното постоење.

10. Секогаш постои некој што ве сака, поддржува и се гордее на вас, а вие воопшто не го забележувате.

11. Вербата е спасение. На што инаку би се потпирале во тешките моменти доколку не верувате во ништо?

12. Забавата е важен детаљ во животот. Никогаш не заборавајте повремено да го будите детето во себе.

13. Секој ќе ве повреди во животот, само треба да го препознаете тој што е вреден за претрпената болка.

14. Втора шанса е важна само кога си ја давате себеси!

Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
„Мајка ми се разболе од рак“: Разгалени (и богати) деца откриваат кога имале „судир со реалноста“ „Кога дознав дека струјата и водата доаѓаат со месечни сметки“ – „разгалени“ дец...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Хит прирачник како да си го уништите животот (слатко ќе ве насмее) „Не оди на доктор, игнорирај ги симптомите. Се чувствуваш уморно? Не грижи се, т...
Најубавите женски имиња инспирирани од цвеќиња (и нивното значење) За родителите од големо значење е на своето дете да му дадат име кое гордо ќе го...
Застарени (женски) навики што ги научивме од мајките и бабите и треба да ги заборавиме Треба да носиме градник по дома, срамно е мажите да купат влошки за жените и мор...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg