Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Ситници во кои сите потајно уживаме

Секој човек негира дека обрнува внимание на „глупавите ситници,“ но во дел од нив, без исклучоци, сите потајно уживаме.

sitnici-vo-koi-site-potajno-uzivame-01.jpg

Ова се само дел од ситниците кои животот ни го прават поубав:

- Уживаме во моментот кога сме сами дома.

- Уживаме во моментот кога седиме пред топлото огниште со чај во рака.

- Уживаме кога ќе ја пуштат нашата песна на радио.

- Уживаме кога денот е сончев.

- Уживаме кога ќе погледнеме во небото, без разлика дали е сино или мрачно. Едноставно нè смирува и фасцинира.

- Уживаме кога ќе наидеме на стар пријател, на неочекувано место, во неочекувано време.

- Уживаме кога партнерот ќе ни заспие на градите.

- Уживаме во мирисот на свежо сварено кафе.

- Уживаме во утринското будење од сонцето кое се вовлекува во нашиот кревет.

- Уживаме додека се бањаме во топла када со чаша вино во раката.

- Уживаме во моментот кога за прв пат ќе ги облечеме новите чевли кои сами сме ги купиле.

- Уживаме кога ќе наидеме на љубоморен поглед кој ни искажува восхит.

- Уживаме во омиленото јадење, кое сме го зготвиле сами.

- Уживаме кога цел ден остануваме во кревет облечени во омилените пижами.

sitnici-vo-koi-site-potajno-uzivame-1.jpg

- Уживаме кога несредени можеме да се шетаме низ дома.

- Уживаме кога кучето ќе нè пречека на врата.

- Уживаме кога ќе наидеме на интересна книга во која се идентификуваме со главниот лик и неговиот живот.

- Уживаме во моментот кога после подолг период ќе одлучиме да си го купиме омилениот кармин, парфем, или вратоврска.

- Уживме кога „shuffle“ ги одбира нашите омилени песни.

- Уживаме во моментот кога ќе се впуштиме во нешто ново и непознато.

- Уживаме во моментот кога ќе тргнеме на некое патување.

sitnici-vo-koi-site-potajno-uzivame-2.jpg

- Уживаме кога ќе се погледнеме во огледалото и ни се допаѓа тоа што го гледаме.

- Уживаме кога ќе докажеме дека сме во право.

Во која ситница уживате вие?

Би можело да ве интересира:

10 луѓе кои направија корекции на лицето и се каат (фото) „Носот ми е скоро ист како пред операцијата - се каам што воопшто отидов под нож...
Жени со тенки усни, ниски мажи: 13 луѓе откриваат кои се „маните“ што всушност си ги сакаат „Не знам зошто постојано на пиедестал се ставаат луѓето со зелени или сини очи, ...
16 луѓе чиј ден сигурно бил полош од вашиот „Испеков колач за годишнината од брак на моите родители, но брат ми успеа да го ...
Фото-докази дека некои луѓе се поголеми баксузи од вас и имаат полош ден од вашиот „Клучот ми паднал на паркинг полн со снег – кога сфатив, се вратив да го побарам...
10 луѓе кои сосема сами го претворија домот во пријатно катче за уживање (фото) „Се откажав од идејата да следам одреден стил за уредување и почнав да уредувам ...
10 навики на луѓето кои на сите ни одат на нерви (повеќе од што било) Без осет ставаат еден тон парфем што не е пријатен за носот на околината, тресат...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg