Откријте какви сте: Имате топли или ладни дланки?

Дали е некој дарежлива личност со топло срце или студена и себична, може да утврдите со едноставен тест. Сè што треба да направите е да ја проверите температурата на дланките.

ladnite-dlanki-ve-izdavaat-01

Најновото истражување покажува дека срдечните личности, подготвени за разговор и соработка имаат топли дланки. Исто така, важи и обратното. Дури и личноста со камено срце ќе омекне ако во рацете држи топол пијалак.

Психолозите ја испитувале подготвеноста на 60 волонтери за меѓусебна соработка. Наизменично им давале лосиони за раце кои загреваат или ладат, а потоа им биле давани одредени задачи кои требало да ги направат во пар.

Задачите биле тешки, па волонтерите имале право да се определат дали ќе се потрудат да остварат успешна комуникација со доделениот партнер или ќе се повлечат и ќе делуваат исклучиво во сопствен интерес.

Се покажало дека луѓето се подготвени да се потрудат да остварат успешна комуникација кога им се топли рацете.

ladnite-dlanki-ve-izdavaat-1.jpg

Постојат докази дека за време на еволуцијата во нашиот мозок се спојуваат центрите за физичкото чувство на топлина и психичкото чувство за топлина во меѓусебните односи.

Кога некој ќе каже дека е „загреан“ за некоја личност тоа би требало да се сфати буквално, бидејќи со јакнењето на позитивните чувства, расте и телесната топлина – објаснува професорот Ленс Воркмен, специјалист за клиничка и еволутивна психологија.

За жал, овој податок многу вешто го користат маркетинг стручњаците, кои на купувачите во супермаркетите манипулативно им нудат бесплатен чај или кафе, знаејќи дека така ќе бидат поподготвени да потрошат повеќе пари, дури и за работи кои реално не им се потребни.

Продавачите знаат дека ова е тактика која им носи поголем промет, дури и ако не се свесни за механизмот до кој доаѓаат.

Тие веруваат дека работата е во тоа што пијалакот е бесплатен, а всушност ќе го платат многу повеќе.

Ако сакате да стекнете нови пријатели или ако сте во потрага по совршен романтичен партнер, понудете им топол пијалак.

ladnite-dlanki-ve-izdavaat-2.jpg

Би можело да ве интересира:

Работи кои НЕ треба да му ги кажете на некој кој тагува за смрт на сакана личност „Не грижи се, сега е на подобро место“ или „Немој да плачеш“ се фрази кои треба ...
„Нема да се омажам за тебе“: 8 жени открија зошто ги одбиле своите партнери „Ме побара за сопруга и ми рече да си ставам тетоважа ‘приватна сопственост, заф...
Хит прирачник како да си го уништите животот (слатко ќе ве насмее) „Не оди на доктор, игнорирај ги симптомите. Се чувствуваш уморно? Не грижи се, т...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Попај навистина постоел, но не бил морнар и не јадел спанаќ - Како настанал омилениот цртан лик? Вистинскиот Попај бил силен, храбар и обожавал деца, но не бил морнар и не јадел...
8 изуми кои ги создале жени, а без кои светот ќе беше сосема поинаков Аквариум, чистач за снег - жените стојат зад многу значајни изуми без кои светот...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg